Europe House и амбасадата на Унгарија во Градско го одржаа четвртиот по ред дијалог со локалните младински совети

Europe House Скопје и Амбасадата на Унгарија, вчера, во просториите на Општина Градско, го одржаа четвртиот по ред настан од серијата дијалози со локалните младински совети, кои се дел од активностите поврзани со „Денот на Европа 2023“.

europe-house-i-ambasadata-na-ungarija-vo-gradsko-go-odrzaa-cetvrtiot-po-red-dijalog-so-lokalnite-mladinski-soveti-01.jpg

Овој настан ги обедини младите активисти со претставници од амбасадата, општината и Europe House, сè со цел да се поттикне младинскиот активизам и нивното активно учество во креирањето политики. Во дијалозите учествуваа Андраш Клајн, амбасадор на Унгарија, Ана Марија Јованова, млад европски амбасадор, членови на локалниот младински совет од Градско и други млади активисти од општината кои активно придонесуваат на локално ниво.

europe-house-i-ambasadata-na-ungarija-vo-gradsko-go-odrzaa-cetvrtiot-po-red-dijalog-so-lokalnite-mladinski-soveti-03.jpg

За време на настанот се дискутираше за низа критични теми, како младинскиот активизам, нивното локално учество, еколошките предизвици и младинската интеракција со локалните институции. Овие дискусии дополнително ја истакнаа важноста за зајакнување на локалните младински совети, како и поддршката за учество на младите во процесите на донесување одлуки.

Во завршниот дел од настанот, амбасадорот Клајн оствари средба и со градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков, каде што се разговараше за точките што ги иницираше локалната младина, како и заклучоците донесени од дијалозите.

europe-house-i-ambasadata-na-ungarija-vo-gradsko-go-odrzaa-cetvrtiot-po-red-dijalog-so-lokalnite-mladinski-soveti-03_copy.jpg

Претходните три настани, одржани во Битола, Шуто Оризари и Валандово, како и вчерашниот во Градско, ја одразуваат посветеноста на иницијативата на Европската делегација и на #TeamEurope за промовирање на младинското учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво, а со тоа и придонесот во градењето на подемократско општество.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...

Најчитани неделава