Се омажи Исаура од „Преспав“ и објави ретка фотографија со сопругот

„Мој си е, си го земав“, напиша актерката Емра Куртишова и објави фотографија од свадбата со актерот Петар Стојанов. Ова е една од ретките фотки од сопругот што Емра ги споделува на Инстаграм.

se-omazhi-isaura-od-prespav-i-objavi-prva-fotografija-so-soprugot-01.jpg

Актерката Емра Куртишова, позната како Исаура од хит серијата „Преспав“, се омажи за актерот Петар Стојанов. Таа објави фотка од свадбата, што е прва нивна заедничка фотографија што стои на нејзиниот профил.

„Мој си е, си го земав“, напиша таа, па доби бројни честитки од колегите, пријателите и нејзините следбеници на Инстаграм.

Петар и Емра се свршија во декември 2022 година, по три години врска. Петар тогаш ја запроси Емра на нејзиниот роденден.

Двајцата се актери во Театар за деца и младинци, каде што се запознале.

se-omazhi-isaura-od-prespav-i-objavi-prva-fotografija-so-soprugot-02_copy.jpgфото: Инстаграм Стори

Емра, која стана еден од омилените ликови во серијата „Преспав“, глумејќи ја Исаура, ретко споделува фотки на социјалните мрежи и скоро никогаш не објавува што било поврзано со приватниот живот.

Затоа, многумина беа изненадени кога пред 6 месеци објави дека се свршила, а и сега кога откри дека со Петар се венчале.

se-omazhi-isaura-od-prespav-i-objavi-prva-fotografija-so-soprugot-poveke-04.jpgфото: Инстаграм Стори

Повеќе фотки од актерката:

Прочитајте и Исаура од „Преспав“ го слави 36-иот роденден + 7 причини зошто ја обожаваме

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот...
Марија и Бојан од Eye Cue правеа свадба на плажа во Полихроно - пејачката го покажа трудничкото стом... За свадбата во Грција, на која присуствуваа најблиските и најдраги луѓе на парот...
И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
За Тања Стојановска времето застанало - со фотка стара 17 години покажа дека не старее „Ретро фотографија, 2009 година“, напиша Тања и доби комплименти дека е прекрасн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg