Стефан Лазаров по смртта на херојот Кико: „Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот“

„Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико“, напиша Стефан Лазаров по смртта на херојот кој ја сплоти Македонија.

stefan-lazarov-po-smrtta-na-herojot-kiko-te-zasakav-kako-pomal-brat-ova-e-najteshkiot-den-vo-mojot-zhivot-01.jpg

Деновиве македонската јавност дозна за Кико – храбро момче со ретка болест на кое му требаа пари за лекување во Турција и Македонија се сплоти за да му помогне.

Кико страдаше од Атаксија-телеангиектазија, а за неговото лекување беа потребни многу финансии кои беа собрани.

Но, за жал, Кико не дочека да замине.

Кико нè напушти прерано и ја зави Македонија во црно.

Стефан Лазаров, кој беше еден од најголемите активисти за собирање на финансиски средства, на својот Инстаграм профил напиша:

„Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот. Сè дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа.

Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое.

Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико“.

Почивај во мир наш хероју!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава