Maкедонец победи во шоуто „Никад није касно“ - Павле Витанов емотивен на сцената во Белград (видео)

Павле Витанов од Струмица не ги криеше емоциите на сцената и по победата во „Никад није касно“ се заблагодари на семејството бидејќи го убедиле да се пријави во шоуто, па победата им ја посвети на нив.

strumichanecot-pavle-vitanov-pobedi-vo-shouto-nikad-nije-kasno-mnogu-emocii-na-scenata-vo-belgrad-01.jpg

Вчеравечер (02.07) во Белград се одржа финалето на шоуто „Никад није касно“, во кое според гласовите на Фејсбук, победи струмичанецот Павле Витанов (51).

Павле имаше преку 40.000 гласови и убедливо победи пред останатите 11 финалисти. 

Македонскиот музичар не ги криеше емоциите на сцената, а по победата се заблагодари на семејството кое му дава безрезервна поддршка и кои го натерале да се пријави во шоуто, па победата им ја посвети на нив.

Но, се заблагодари и на сите кои гласаа за него.

Пред да настапува во „Никад није касно“, Павле веќе се натпреваруваше и во „Ѕвездите на Гранд“.

Во текот на целото шоу тој истакнуваше дека за него музиката не е натпревар, туку уметност со која не може секој да се занимава.

Тој за себе вели дека е добар пејач и уште на почетокот на шоуто рече дека се надева дека ќе се пласира добро.

„Учев нижо музичко училиште, не сум некој ‘поткован’ музичар, но цел живот се занимавам со музика. Одев во средно машинско училиште и работев како металостругат, но паралелно со тоа одев и во културно уметничко друштво, па таму се надградував музички“, рече тој во едно од интервјуата во шоуто.

strumichanecot-pavle-vitanov-pobedi-vo-shouto-nikad-nije-kasno-mnogu-emocii-na-scenata-vo-belgrad-03.jpg

Во жирито во финалето на „Никад није касно“ беа Снежана Ѓуришиќ и Харис Џиновиќ, заедно со продуцентот Саша Миолошевиќ Маре, кои го пофалија Павле и неговото пеење.

Популарното шоу, во чие финале пееја 12 натпреварувачи, ја заврши сезоната со тројца победници. Павле беше најдобар според гласовите на Фејсбук, Сабина Калтап победи според СМС-гласовите, а најдобар според жирито, во кое беа вклучени 20 реномирани музичари, беше Петар Спасојевиќ.

Погледнете го видеото од прогласувањето на победниците:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...

Најчитани неделава