Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото)

„Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покрај тоа што во минатото си организирав патувања во Прованса, Франција со надеж дека можеби ќе го фатам нивниот период - не успевав. Но, сега во Грција, на враќање од одморот во Парга, ми се оствари тоа“, вели Стефанија Насеска за CRNOBELO.com.

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-01.jpg

Нашата модна дизајнерка Стефанија Насеска на враќање од Парга, Грција, по одморот со родителите, сосема случајно наишла на нешто што за неа бил долгопосакуван сон – недогледни полиња лаванда.

Не можела, а да не застане и да ја овековечи оваа убавина со фотографии.

Таа за CRNOBELO.com споделува детали за оваа мини авантура:

„Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, и покрај тоа што во минатото си организирав патувања во Прованса, Франција со надеж дека можеби ќе го фатам нивниот период кога ја имаат сета своја раскош и смирувачки ефект, но среќата никако ме немаше послужено сè до момент кога неодамна „Прованса“ ме пронајде мене.

Инаку, Прованса е регион во југоисточна Франција на Медитеранот, кој се граничи со Италија, и е препознатлив по лавандата.

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-05.jpeg

На враќање од одмор во Парга, Грција  додека возев по автопатот ‘Игнација’ мислам дека беше поблиску до Солун, ненадејно во далечината здогледав голема лилава површина точно покрај автопатот.

И знам дека им прокоментирав на моите родители (со нив заедно го поминавме одморот) колку би била среќна доколку можам да застанам некаде и да се сликам, ама дека тоа е невозможно затоа што автопатот е заграден.

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-07.jpeg

И додека го изјавував тоа на таблите забележав  дека е напишан некаков излез, за жал, не се сеќавам кој број, и едноставно само го завртив воланот и се најдов среде мисија како да успеам да стигнам до полињата со лаванда.

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-06.jpeg

Благодарение на чувството за ориентација кое го имам, по кратко возење по локалните патчиња, како асфалтирани, така и земјени, успеав да поминам низ подвозникот на автопатот и да се најдам на спротивната страна, поточно на страната од полињата.

ne-e-provansa-grcija-e-makedonka-pozira-srede-nedogledni-polinja-lavanda-foto-03.jpeg

Во главата имав само едена мисла, а тоа беше која соодветна комбинација да ја облечам за овој долгопосакуван момент, па макар и одела пешки до лавандата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вирална објава на Македонка: „Ќе заглавиш со маж што ќе те тепа секој ден, а ќе ти викаат ‘Дај му ша... „Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за...
Миа Костова: „Како ѝ помогнав на жена среде паничен напад, додека одеше на море со мажот и децата?“ „Тргната сум со сопругот и со двете деца со кола на море. Ќе умрам Миа, ми ...
„Го најдов рајот“ – Илариа Кирилов во Тајланд, позира во танга бикини и потопена во кал со слон Кумановката Илариа Кирилов воодушевена од слоновите, позира додека ги гали и пре...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Бразилец со комбе патуваше низ нашата држава - готвеше за Македонка, па друга убеди да го покани дом... Налдо од Бразил се изгубил со комбето во Македонија, па побарал помош од локалци...
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...

Најчитани неделава