Тамара и Каролина во црни фустани на настан за годишнината од скопскиот земјотрес: „Да зборуваме за Скопје и да си го чуваме“

Тамара Тодевска носеше долг црн фустан со бел детаљ и златни аксесоари, а Каролина избра краток црн фустан кој ги истакна нејзините долги нозе. Пејачките присуствува на настанот „Зборувај за Скопје – 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес“.

tamara-i-karolina-ubavici-vo-crno-na-60-godishninata-od-skopskiot-zemjotres-01.jpg

Тамара Тодевска вчеравечер (26.07) настапи во Музеј на град Скопје на мултимедијалниот настан „Зборувај за Скопје – 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес“.

Во придружба на членови од Здружението на џез музичари и слободни уметници, таа имаше одличен концерт, на кој испеа некои од македонски забавни песни, вклучувајќи ја и „Зборувај за Скопје“, посветена на градот кој во 1963 година беше разрушен од силниот земјотрес.

По концертот, Тамара објави фотки на својот Инстаграм.

„Мојот град, моите луѓе и ‘терапијата’ која му беше потребна на Скопје. Да зборуваме за Скопје и да си го чуваме“, напиша Тамара.

tamara-i-karolina-ubavici-vo-crno-na-60-godishninata-od-skopskiot-zemjotres-05.jpg

На една од фотографиите, таа е во друштво на Каролина Гочева. Тие го привлекоа вниманието и со изгледот, а двете избраа црна боја.

Тамара носеше долг црн фустан со бел детаљ и златни аксесоари, а Каролина избра кус црн фустан кој ги истакна нејзините долги нозе.

tamara-i-karolina-ubavici-vo-crno-na-60-godishninata-od-skopskiot-zemjotres-04.jpg

Каролина на настанот дојде да го поддржи сопругот Михаил Корубин, чија слика „Вечност“ беше изложена во Музејот на град Скопје.

Таа на Инстаграм Стори објави неколку видеа, вклучувајќи едно и од настапот на Тамара.

tamara-i-karolina-ubavici-vo-crno-na-60-godishninata-od-skopskiot-zemjotres-06.jpg

Настанот посветен на 60-годишнината од скопскиот земјотрес го организираше музичката платформа „Терапија“.

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...

Најчитани неделава