Браво! Нашиот кошаркар Ервин Цого стави на аукција дрес за да ѝ помогне на Луна (14) од Гевгелија, за која дечиња продаваа крофни

„Дресот ќе го добие тој што ќе даде највисока понуда, а ќе му биде испратен откако ќе ги уплати парите на сметката за лекување на Луна“ – порача нашиот најдобар кошаркар во „3 на 3“, Ервин Цого кој се приклучи кон хуманитарната акција за помош на гевгеличанката Луна, која боледува од церебрална парализа, a за која дечиња собираа донации со помош на продажба на крофни.

bravo-kosharkarot-ervin-cogo-go-stavi-na-aukcija-dresot-od-kvalifikaciite-za-evropsko-za-da-i-pomogne-na-luna-od-gevgelija-01.jpg

Не постојат зборови што може да ја опишат болката и голготата низ која поминуваат родителите кои се нашле во ситуација да се борат за животот на своите деца, а горди сме кога ќе слушнеме дека и нашите познати личности се вклучуваат во хуманитарните акции и се трудат да помогнат да се спаси еден детски живот.

Најдобриот македонски кошаркар во „3 на 3“, Ервин Цого се вклучи во хуманитарната акција за 14-годишната Луна Поп Костова од Гевгелија, за која дечињата од нејзиниот роден град и од повеќе други општини продаваа крофни и рачни изработки, а средствата ги донираа за да се соберат парите што се неопходни да ѝ се направи операција во Турција.

Ервин, на својот Инстаграм профил објави дека го става на аукција својот дрес што го носеше на квалификациите за Европското Првенство во баскет „3 на 3“.

„Парите од продажбата ќе бидат донирани за операција на малата Луна Поп Костова од Гевгелија, која има церебрална парализа и последнава година и пол се бори со сколиоза.

Операцијата треба да се направи во Турција, а чини околу 64.000 евра.

Понудите за дресот испраќајте ги во инбокс до 04.08.2023 (петок), кога и ќе биде завршена аукцијата. Дресот ќе го добие тој што ќе даде највисока понуда, а ќе му биде испратен откако ќе ги уплати парите на сметката за лекување на Луна“ – порача Ервин.

Инаку, во хуманитарната акција за Луна во изминатите денови се вклучија голем број дечиња од Гевгелија, кои на градскиот плоштад „Фонтана“ по примерот на Нина Нинковиќ од Нови Сад, продаваа крофни, лимонада и рачни ракотворби со цел да му помогнат на семејството на младата гевгеличанка да ги собере парите неопходни за лекување.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...
Едина Муса и Мачка елегантни на свадба, Ѓоко Танески со ретка фотка од ќерката - Што прават познатит... Пејачот Ѓоко Танески објави фотографии со ќерката за да ѝ го честита 18-тиот род...
Ирина и Павле Камилоски на одмор со децата, Марио од 2Бона доби изненадување од сопругата: Што права... Бока Конга се релаксира покрај базен во својот раскошен дом во Скопје, Каролина ...
Игор Џамбазов наполни 62 години: „На денешен ден почнав самостојно да дишам“ „Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе наполниш 69. Држ' се!“ - му порача ...
Христина Пан: „На првиот роденден, ќерка ми ја примаше втората хемотерапија - сопругот првпат заплак... „Ред солзи, ред мрсули, ама и ред насмевки! Знаев од старт дека силно ќе се држи...

Најчитани неделава