Билјана Јаневска: „Баба Ѓурѓа (92) продава цвеќе во Карпош за да ги прехрани внучињата, дури и со гипс на раката“

„Драги мои ова е фамозната баба Ѓурѓа која што изминатиов период беше постирана на повеќето портали. Баба Ѓурѓа има 92 и веќе влегува во 93-та година. Таа секој ден од попладневните часови, па сѐ до вечер продава цвеќиња. Но, сега има гипс – паднала додека ги местела цвеќињата“, гласи објавата на Билјана Јаневска, која е трогната од оваа инспиративна жена.

biljana-janevska-baba-gjurgja-ima-92-godini-prodava-cvekje-vo-karposh-da-gi-prehrani-vnuchinjata-no-padnala-i-ima-gips-01.jpg

Приказната за баба Ѓурѓа која има 92 години и продава цвеќиња во скопската населба Карпош за да ги прехрани своите внучиња веќе извесен период кружи низ медиумите и секој што ќе ја прочита не може, а да не остане трогнат од големината на срцето на оваа храбра жена.

Таков бил случајот и со Билјана Јаневска, хумана Македонка, која одлучила да појде на местото каде баба Ѓурѓа постојано продава цвеќе и да се запознае со неа.

За жал, ја затекнала со гипс на раката.

Нејзината емотивна објава гласи:

„Драги мои ова е фамозната баба Ѓурѓа која што изминатиов период беше постирана на повеќето портали. Баба Ѓурѓа има 92 и веќе влегува во 93-та година. Таа секој ден од попладневните часови, па сѐ до вечер продава цвеќиња кај Тinex до Рибен Ресторан Сидро 2 во Карпош за да ги нахрани внучињата.

biljana-janevska-baba-gjurgja-ima-92-godini-prodava-cvekje-vo-karposh-da-gi-prehrani-vnuchinjata-no-padnala-i-ima-gips-02.jpg

Ме заскокотна тоа што го прави бабево, па решив денес после работа да појдам и да ја побарам, за да ја прашам како е и што ѝ треба.

Бабево видно изненадено си раскажа и зошто има гипс на раката.

Ми падна жал, душичка. Паднала додека ги местела цвеќињата.

biljana-janevska-baba-gjurgja-ima-92-godini-prodava-cvekje-vo-karposh-da-gi-prehrani-vnuchinjata-no-padnala-i-ima-gips-06.jpg

Па, затоа јас ја израдував и реков да нé чека утре и ќе ѝ донесеме сѐ што е потребно и во наша моќ.

biljana-janevska-baba-gjurgja-ima-92-godini-prodava-cvekje-vo-karposh-da-gi-prehrani-vnuchinjata-no-padnala-i-ima-gips-05.jpg

Не ја одбегнувајте баба Ѓурѓа, има навистина тажна судбина. Ѝ погледнав во очите и носи голема болка.

Полна со љубов, се гледаме утре бабе.

Ве повикувам и сите Вас Карпошани да ѝ купите цвеќе за да може да преживее и да ги нахрани своите внучиња“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фифи Јаневска го покажа деколтето во бикини - се спрема за плажа на Малта, по снимањето песна во Мак... „Подготовки за море“, напиша таа и позираше во златни бикини. Нашата трансродна ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава