Емотивна сцена: Kуче пред болница во Прилеп веќе два дена го чека газдата што доживеал мозочен удар

„Кучево е пред болница во Прилеп. Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде. Која е оваа љубов луѓе?“, пишува Славко Дамјановски на Фејсбук.

emotivna-scena-kuchevo-e-pred-bolnica-vo-prilep-i-go-cheka-gazdata-shto-dozhiveal-mozochen-udar-01.jpgфото: Лево (Фејсбук Славко Дамјановски), десно (depositphotos.com)

Славко Дамјановски од Скопје на својот Фејсбук профил пренесе навистина емотивна сцена од Македонија, а неговата објава вирално се споделува.

Станува збор за куче кое веќе два дена го чека својот сопственик пред болница во Прилеп.

Зарем има поголем доказ од ова за љубовта меѓу кучињата и луѓето?

Неговата објава гласи:

„Кучево е пред болница Прилеп.

Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар.
Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде.

Која е оваа љубов луѓе?

Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од ‘Луѓе’“.

UPDATE: Кучето е на сигурно.

Многу медиуми се загрижија и секоја почит за нив.
Многу почит за здружението за заштита животни од Скопје, кое понуди брзо и конкретно решение.
Многу почит за луѓето кои се понудија да покријат финансиски трошоци, луѓето кои се понудија со храна и каква било друга помош.

На крај, а не помалку битно, голема благодарност за докторката која алертираше со многу емпатија, емоција и љубов.
Браво.

Пс. Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност, а сите Вие пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат.

emotivna-scena-kuche-pred-bolnica-vo-prilep-vekje-dva-dena-go-cheka-gazdata-shto-dozhiveal-mozochen-udar-001.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...

Најчитани неделава