Лила Филиповска и Биг Мама уживаат во луксуз во Дубаи - играа боси на јахта, посетија хотел со 7 ѕвезди

„Во Дубаи само небото е граница“, вели водителката и пејачка Биг Мама, која заедно со Лила Филиповска се забавува во еден од најпопуларните светски градови. Лила се одлучи за розови бикини, а Биг Мама за црни монокини.

lila-filipovska-i-big-mama-na-luksuz-vo-dubai-igraa-bosi-na-jahta-se-voodushevija-na-raskoshot-na-hotelot-so-7-dzvezdi-burj-al-arab-01.jpg

Водителките и инфлуенсерки Лила Филиповска и Биг Мама се во Дубаи од каде што веќе неколку дена покажуваат како уживаат во луксузот на градот.

Тие овојпат го посетија хотелот со 7 ѕвезди „Burj Al Arab“ и се воодушевија од ентериерот и раскошот што го нуди тој. Луксузниот хотел со својата височина од 321m, е четвртиот највисок во светот. Во внатрешноста доминира златото, па каде и да се свртите ќе ве пречекаат огромни златни столбови или по некој златен детаљ.

Изграден е на вештачки остров, а со копното е поврзан преку приватен мост. Оваа величествена градба наликува на бродско едро.

Тие пливаа и во највисокиот бесконечен базен во светот, кој има неверојатен поглед на „Палмата“, играа боси на забава на јахта, а беа и на забава во мексикански ресторан со традиционална музика и танцување.

lila-filipovska-i-big-mama-na-luksuz-vo-dubai-igraa-bosi-na-jahta-se-voodushevija-na-raskoshot-na-hotelot-so-7-dzvezdi-burj-al-arab-13.jpg

„Само здравје, што повеќе патувања, неколку добри луѓе и мнооогу забава“, напиша Лила на едно од видеата.

Најдоа време и за на плажа, а Лила објави фотка во розови бикини и повторно покажа дека изгледа одлично.

„Во Дубаи само небото е граница“ вели Биг Мама.

Двете дами привлекоа многу внимание со фотките и видеата, а следбениците не пропуштија да ги пофалат.

„Уживај, секогаш си инспирација“, „Прекрасни жени“ – се дел од коментарите.

Лила често патува во Дубаи, па и овојпат пред тргнување објави видео и се пошегува дека по којзнае кој пат оди таму, но и покрај тоа градот има нешто ново со што ја изненадува.

Погледнете повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...

Најчитани неделава