Потег за поздрав! Македонска фитнес инструкторка нуди бесплатни тренинзи за заболените од рак

„До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежбањето за време на хемотерапија“ - открива за CRNOBELO.com, нашата фитнес инструкторка Александра Оровчанец која започна хумана акција за бесплатни тренинзи со цел да им помогне на лицата што во моментов ја водат најтешката битка за животот и се обидуваат да го победат ракот.

poteg-za-pozdrav-makedonska-fitnes-instruktorka-im-nudi-na-zabolenite-od-rak-besplatni-treninzi-01.jpg

Македонската фитнес инструкторка Александра Оровчанец и сопственичка на фитнес студиото Ana Fit на својот Инстаграм профил објави дека се вклучува во хумана акција со цел да им помогне на сите лица заболени од рак, кои со моментов се лекуваат со помош на хемотерапија.

„Поради многуте придобивки од вежбањето за време на хемотерапија, сите болни од рак (за време на лекувањето) сега ќе вежбаат бесплатно во Ana Fit“ – вели таа.

Во продолжение појаснува дека дел од придобивките од редовното вежбање кај пациентите заболени од рак се:

  • Помало оштетување на срцето;
  • Намалување на чувството на замор;
  • Намалување на болката и гадењето, подобрување на менталното здравје, како и 100.000 други причини.

Инаку, Александра е дипломиран Професор по физичко и здравствено образование на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје.

Таа е и државна рекордерка на Македонија во атлетските дисциплини 3.000 метри стипл, штафета 400×300×200×100 метри и штафета 4×300метри. Поседува бројни сертификати од многу семинари одржани во Македонија, во Србија и во Словенија.

Во изјава за CRNOBELO.com, Александра ни откри дека до идејата за оваа хумана акција дошла откако прочитала една статија за тоа колкави се придобивките од вежбањето кај луѓето заболени од рак.

„До оваа идеја дојдов откако прочитав една статија поврзана со важноста на вежбањето за време на хемотерапија и после оваа статија направив поголемо истражување и дојдов до заклучок дека на сите пациенти со хемотерапија мора да им се овозможи  бесплатно вежбање.

Дополнително бидејќи сите тренинзи се со физичко присуство и онлајн истовремено, од сите градови ќе можат да се приклучуваат и да вежбаат“ - вели таа.

poteg-za-pozdrav-makedonska-fitnes-instruktorka-im-nudi-na-zabolenite-od-rak-besplatni-treninzi-02.jpg

Нејзината акција е поздравена од нејзините следбеници и доби голем број лајкови и позитивни коментари.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Александра Пижевска со пикник фотки од Градски парк: „И во Скопје може да биде прекрасно, ако се пот... „Имаме традиција да си организираме пикник со другарките. Некогаш имаме активнос...
Александра Шијакоска го покажа животот на село, со животни и спокој: „Не ми пречат 20 минути возење ... „Животот на село последните четири години... Има и позитивни и негативни страни ...
Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, намест... „Сакав да го прескокнам роденденот. После се, мислев тивко да помине. Ама Риан п...
Се породи Александра Јанева - Пејачката стана мајка 3 дена по својот роденден Александра Јанева се породи вчера (28 мај), откако на 25 мај и самата славеше ро...
Синот на Тони Михајловски наполни 14 години - сопругата со порака: „Секогаш верувај во себе“ „Од семе до прекрасно момче, со изграден карактер, јасна визија и план за живото...
Александра Јанева сподели први фотографии од новородената ќерка: „Ти си доказ дека љубов постои“ „Цел наш свет собран во овие дланки“, пишува на емотивната објава на пејачката А...

Најчитани неделава