Првата жена пилот од Македонија во Wizz Air: „Првпат по 10 години кариера летав со жена капетан и само женски кабински персонал“

„Денес, по 10 години како пилот, првпат летав со жена капетан и само женски кабински екипаж. Прекрасен ден, и ќе има уште многу вакви“, напиша Ива Матиќ, првата жена пилот во Wizz Air од Македонија.

prvata-zhena-pilot-od-makedonija-vo-wizz-air-prvpat-po-10-godini-kariera-letav-so-zhena-kapetan-i-samo-zhenski-kabinski-personal-01.jpg

Првата жена пилот во Wizz Air од Македонија, Ива Матиќ, на Инстаграм сподели неколку фотографии и откри дека првпат во нејзината кариера како комерцијален пилот, персоналот на авионот кој го управувала бил составен само од жени.

„Денес, по 10 години како пилот, првпат летав со жена капетан и само женски кабински екипаж. Прекрасен ден, и ќе има уште многу вакви“, напиша таа.

prvata-zhena-pilot-od-makedonija-vo-wizz-air-prvpat-po-10-godini-kariera-letav-so-zhena-kapetan-i-samo-zhenski-kabinski-personal-02.jpg

Објавата на Ива предизвика лавина позитивни реакции.

„Браво девојки. Кралици“, „Женска моќ“, „Браво пилотки“, „Секоја чест девојки“, се дел од коментарите.

prvata-zhena-pilot-od-makedonija-vo-wizz-air-prvpat-po-10-godini-kariera-letav-so-zhena-kapetan-i-samo-zhenski-kabinski-personal-03.jpg

Меѓу оние кои ѝ честитаа беше маж кој бил патник на летот, па ги пофали дамите.

„Задоволство ми беше што летав со тебе на денешниот лет, Ива“, напиша тој.

prvata-zhena-pilot-od-makedonija-vo-wizz-air-prvpat-po-10-godini-kariera-letav-so-zhena-kapetan-i-samo-zhenski-kabinski-personal-04.jpg

Ива, која веќе 11 години работи како пилот, во мај 2023 се пофали и дека имала задоволство првпат со неа да летаат и нејзините родители.

Прочитајте и Ива Матиќ, прва жена пилот во Wizz Air од Македонија: „Одговорноста е иста – без разлика дали има двајца или двесте патници“

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава