Размислете двапати пред да донесете егзотични растенија дома. Еве што не смеете да правите

razmislete-dvapati-pred-da-donesete-egzoticni-rastenija-doma-eve-sto-ne-smeete-da-pravite-03.jpg

Секоја година, 26 септември се прославува како Светски ден за здравата животна средина. Во оваа смисла во фокус се многу теми, и тоа поради различните надворешни сили кои влијаат врз начинот на кој луѓето живеат, јадат и се развиваат, и позитивно и негативно. Според Светската здравствена организација, глобалните еколошки проблеми се причина за повеќе од 12,6 милиони смртни случаи годишно. Како предизвикувачки фактори овде се вбројуваат загадувањето на почвата, ултравиолетовото зрачење и губењето на биолошката разновидност.

Повеќе од 100 болести и повреди може директно да се поврзат со немањето здрава животна средина. Честопати, овие прашања имаат најголемо влијание врз заедниците кои се сиромашни и кои веќе имаат значителни ранливости во однос на здравствената заштита.

razmislete-dvapati-pred-da-donesete-egzoticni-rastenija-doma-eve-sto-ne-smeete-da-pravite-02.jpg

Поздрави растенија, поздрави луѓе

За да одговориме на овие прашања на локално и глобално ниво притоа движејќи се нанапред, клучно е да се разбере дека човечката активност е одговорна за најголем дел од деградацијата на природниот свет: прекумерен риболов, уништување шуми, прекумерна потрошувачка, загадување со пластика и многу друго. Овогодинешната порака е јасна и гласна: Заложувајте се секојдневно за да го заштитите здравјето на сите. А еден од начините на кои ова може да се постигне е да се зачува еден од најважните делови на нашата планета - растенијата.

Растенијата се столбот на животот на Земјата: тие ни го обезбедуваат воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме. Денес, растенијата се под голем „притисок“ поради климатските промени и човечките активности, како што се трговијата и патувањето. Растителните штетници може да предизвикаат катастрофални економски и еколошки загуби.

Во однос на здравјето на растенијата, Северна Македонија се соочи со инфекција на плантажите со коскесто овошје со фитопатогената габа Monilinia fructicola (Winter) Honey во текот на 2018 и 2019 година. За поефикасно справување со оваа габа, Фитосанитарната управа подготви акциски план со потребни мерки и активности кои требаше да ги спроведат производителите на коскесто овошје, како и откупните компании кои дистрибуираа коскесто овошје.

razmislete-dvapati-pred-da-donesete-egzoticni-rastenija-doma-eve-sto-ne-smeete-da-pravite-01.jpg

Одржувајте ги растенијата здрави, заштитете го животот

Една од клучните активности што ги презеде Националната организација за заштита на растенијата (НППО) - Фитосанитарната управа беа: организирани едукативни трибини за сите засегнати страни со посебен осврт на потребата од спроведување превентивни мерки, хемиски мерки во насадите, како и хигиенски мерки за контрола на габата по бербата. За среќа, инфекцијата беше ставена под контрола и присуството на габата континуирано се следи секоја година, врз основа на годишниот план за фитосанитарен мониторинг.

Северна Македонија ги здружи силите со Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) за да ја поддржи и унапреди свеста за здравјето на растенијата и неговата поврзаност со нашиот секојдневен живот. Кампањата #PlantHealth4Life има за цел да нагласи дека здравите растенија се важни за производството на земјоделски култури, за одржување на здравјето на шумите и за зачувување на природните и засадените површини, природните екосистеми и биодиверзитетот.

Секој човек има клучна улога и може да се вклучи во процесот на одржување здрави растенија, и тоа на следниов начин:

  • Ако претпочитате да патувате надвор од ЕУ и уживате да ги гледате сите тие прекрасни, егзотични растенија, размислете двапати пред да ги земете дома со вас! Тие растенија, семиња, овошки, зеленчуци или цвеќиња може да содржат растителни болести и штетници
  • Доколку се шетате или работите во вашата градина, овоштарник или лозје и забележите знаци на штетни растителни организми, веднаш известете ги НППО - Фитосанитарната управа и овластените технички институции
  • Едуцирајте ја следната генерација: Вклучете се во разговори за важноста на растенијата со вашите пријатели, семејството, децата. Учејќи ги за здравјето на растенијата, им давате моќ да станат одговорни заштитници на животната средина

Би можело да ве интересира:

7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...

Најчитани неделава