Македонски доктор кој е модна икона во Бугарија направи гламурозна крштевка за децата: „Славевме во ексклузивен ресторан со познати гости“

„Гости беа многу познати личности од Бугарија. Дрес кодот беше бело, па освен што гостите беа облечени во бело, така беше украсен и ресторанот, со многу цвеќиња и балони, а и тортата беше бела и елегантна, на три ката“, вели за CRNOBELO.com македонскиот доктор Панче Димитриев, кој живее и работи во Бугарија и важи за вистинска модна икона.

pievme-shampanj-od-ferrari-imavme-poznati-gosti-makedonski-doktor-koj-e-modna-ikona-vo-bugarija-napravi-glamurozna-krshtevka-za-decata-01.jpg

Македонскиот доктор Панче Димитриев (41) живее и работи како хирург специјалист по ортопедија и трауматологија во Пловдив, Бугарија.

Тој неодамна откри дека станал татко на близнаци, Атина и Филип, а сега им направи крштевка во еден од најпознатите ресторани во Пловдив.

pamce-domitriev-27_copy.jpg

Крштевката беше синоним за луксуз и гламур. Доктор Димитриев, кој е познат по својот моден стил и го сметаат за трендсетер и модна икона во Бугарија, на крштевката беше облечен во модерен бел костум, без кошула, во комбинација со светкави чевли.

pamce-domitriev-11.jpg

Во разговор за CRNOBELO.com, тој откри неколку детали за крштевката на своите ќерка и син:

„Правев крштевка, а потоа и забава за крштевањето на близнаците Атина и Филип. Тие се родени во мај 2023 и се прекрасни бебиња.

Самата забава беше во ресторан во центарот на Пловдив, во ресторанот 'Атлас' кој е уреден во стилот на светските метрополи Рим, Париз.

Гости беа многу познати личности од Бугарија.

pamce-domitriev-13.jpg

Имавме и дрес код – бело. Па освен што гостите беа облечени во бело, така беше украсен и ресторанот, со многу бели цвеќиња, со бели балони, а и тортата за близнаците беше бела и елегантна, на три ката“.

pamce-domitriev-07.jpg

Познатиот хирург средно образование завршил во Штип, а од 25 години почнал да специјализира ортопедија и трауматологија во Бугарија и се преселил во Пловдив каде што денес живее и работи.

pamce-domitriev-18.jpg

Неговите модни комбинации се и повеќе од впечатливи, што направи на Инстаграм да го следат преку 337.000 луѓе.

pamce-domitriev-17.jpg

Тој сака да ужива во луксуз, патувања, брендирани модни парчиња, па често споделува детали од својот живот на социјалните мрежи.

pamce-domitriev-31.jpg

pamce-domitriev-06.jpg

pamce-domitriev-32_copy.jpg

Повеќе фотографии од крштевката на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонскиот рапер Таско (26) со забава за откривање на полот објави дека очекува син Таско ненадејно со забава за откривање на полот со балон и патичиња на своите фа...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Доктор Митов празнично со семејството, Лила дочека снег во Шведска: Што прават македонските ѕвезди н... Доктор Митов со сопругата и 3-те деца испрати најтопол поздрав од нивниот дом: „...
Maкедонка, што живее во САД, го откри полот на бебето со натпис на куќата и украси во дворот - најср... „Бидејќи синот Адам (3) беше возбуден за тоа дека ќе биде голем брат, сакав дозн...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg