Џокси емотивен на роденденот на починатата мајка: „Не бев свесен за твојата големина додека не те изгубив“

„Имав многу тивка, нежна, чувствителна мајка, но жена со големо срце, насмевка бесконечна, прегратка нежна да се стопиш во неа. Не ни бев свесен за нејзината големина“, напиша Џина Папас Џокси и го одбележа роденденот на својата почината мајка.

djina-papas-djoksi-emotiven-na-rodendenot-na-pochinatata-majka-ne-bev-svesen-za-tvojata-golemina-dodeka-ne-te-izgubiv-01.jpg

Ѓорѓе Васиќ, кого публиката го знае како Џина Папас Џокси, го одбележа роденденот на својата мајка Гина Попова, која почина во далечната 1986 година.

Тој објави нејзина фотографија на Фејсбук и со своите пријатели го сподели советот што таа му го дала одамна, а до кој познатиот музичар и хуморист се придржува и денес.

djina-papas-djoksi-emotiven-na-rodendenot-na-pochinatata-majka-ne-bev-svesen-za-tvojata-golemina-dodeka-ne-te-izgubiv-04.jpg

Џокси со измешани чувства на среќа и тага ја раскажа приказната за својата мајка, која ја опишува како жена со големо срце и нежна прегратка:

„Имав многу тивка, нежна, чувствителна мајка, но жена со големо срце, насмевка бесконечна, прегратка нежна да се стопиш во неа и секогаш подготвена да ти укаже каде си згрешил и како треба да постапиш.

Сакана и почитувана меѓу своите пријатели, соседи и роднини. Не ни бев свесен за нејзината големина и како што велат ‘за големината на блискиот дознаваш дури тогаш кога ќе го загубиш’.

djina-papas-djoksi-emotiven-na-rodendenot-na-pochinatata-majka-ne-bev-svesen-za-tvojata-golemina-dodeka-ne-te-izgubiv-03.jpg

Еднаш ми вели: ‘Синко, секогаш кога ќе те погоди некоја тага, не паѓај, со крената глава да си, секој проблем има решение и не гледај на луѓето од височина.

Многумина се поприземни отколку што некој има високо мислење за себе. Помагај секому кому можеш, а кај што не можеш, гледај да не одмогнеш. Пред сè, биди човек.

Ако те повреди некој, сврти се и не се расправај, ги има секакви, може само да ти наштети, а она што ќе ветиш, да го исполниш, затоа што така ќе ја добиеш довербата кај луѓето.

djina-papas-djoksi-emotiven-na-rodendenot-na-pochinatata-majka-ne-bev-svesen-za-tvojata-golemina-dodeka-ne-te-izgubiv-02.jpg

Однесувај се кон другите онака како што сакаш да се однесуваат кон тебе. Имај свое јас, почитувај ги своите зборови, но и размислувањата на другите, слушај внимателно за да знаеш како да се носиш со решенијата.

Не се одмаздувај никому, има Господ, сè гледа. Чекори храбро и чкрипи со забите. Твојата памет е доказ дека некои работи не се купуваат со пари. Еден ден сè ќе ти се врати’.

Среќен роденден мајко!“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава