Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото)

„Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја сакаш“, напиша Лила и ја најави новата авантура со Биг Мама, овој пат во Азија.

lila-i-big-mama-go-istrazhuvaat-singapur-po-vlechki-na-aerodrom-na-molitva-vo-budistichki-hram-01.jpg

На Лила Филиповска и Биг Мама им „тргна“ дружењето, па откако неодамна беа во Дубаи, сега се на заедничко патување во Сингапур - градот-држава во Азија, кој важи за еден од најубавите, најчистите, но и најскапите во светот.

Од моментот кога полетаа од Скопје, тие споделуваат фотки и видеа од патувањето и ја раскажуваат својата приказна.

lila-i-big-mama-go-istrazhuvaat-singapur-po-vlechki-na-aerodrom-na-molitva-vo-budistichki-hram-02.jpg

Па, така, Лила објави видео на кое Биг Мама по влечки шета на аеродром.

„Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја сакаш“, напиша Лила.

lila-i-big-mama-go-istrazhuvaat-singapur-po-vlechki-na-aerodrom-na-molitva-vo-budistichki-hram-03.jpg

Тие посетија и будистички храм, а Лила се пошегува: „Се помоли за двете, па чекаме знак“.

lila-i-big-mama-go-istrazhuvaat-singapur-po-vlechki-na-aerodrom-na-molitva-vo-budistichki-hram-05.jpg

Познатата инфлуенсерка откри и дека во Сингапур климата е тропска, со високи температури, дека често врне и има грмотевици, но дека сето тоа е кратко, а потоа времето е повторно убаво.

lila-i-big-mama-go-istrazhuvaat-singapur-po-vlechki-na-aerodrom-na-molitva-vo-budistichki-hram-04.jpg

Лила не криеше ни колку е воодушевена од чистотата на градот, па објави видеа во кои го покажа зеленилото и чистите улици, но и прекрасната модерна архитектура.

lila-i-big-mama-go-istrazhuvaat-singapur-po-vlechki-na-aerodrom-na-molitva-vo-budistichki-hram-071.jpg

Но, Лила објави и видео од првата вечер во Сингапур.

„Здраво Сингапур. Неверојатно патување во Азија. Но, ова е само почеток“, напиша Лила.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Биг Мама славеше роденден: Фрлаше пари на музичарите, дуваше свеќички на црно-сребрена торта Една од најпопуларните водителки кај нас, Биг Мама, направи роденденска забава з...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg