Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судниот час

Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. На денешен ден именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...

se-slavi-sveti-arhangel-mihail-angelot-koj-odluchuva-koj-kje-bide-spasen-a-komu-mu-chuknal-sudniot-chas-01.jpg

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.) Господ ги создал ангелите. На почетокот сите ангели биле добри, но потоа некои од нив се одметнале и почнале да прават злодела, па тие се познати и како ѓаволи.

Архангел Михаил уште е познат и како војвода на ангелите, затоа што кога Луцифер се отпаднал од Бога и со себе повлекол во пропаст еден од ангелите, тој застанал на чело на неотпаднатите ангели и прв се впуштил во борба против злото.

se-slavi-sveti-arhangel-mihail-angelot-koj-odluchuva-koj-kje-bide-spasen-a-komu-mu-chuknal-sudniot-chas-03.jpg

Затоа на фреските и иконите Архангел Михаил најчесто е претставен како борец - војвода, со меч, а според некои верувања се смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души на кои им чукнал часот.

Друго верување е дека ако овој Архангел се појави над главата на некој што е болен, тогаш тој ќе оздрави. Постојат голем број приказни за чудотворните исцелувања на ангелот – на еден маж му се јавил на сон и му рекол дека неговата ќерка ќе оздрави ако се измие на еден извор.

se-slavi-sveti-arhangel-mihail-angelot-koj-odluchuva-koj-kje-bide-spasen-a-komu-mu-chuknal-sudniot-chas-04.jpg

За друго негово чудо се смета и спасувањето на момчето Василиј Карастирис, кое паднало и сериозно ја повредило главата. На Василиј морало да му биде направена итна операција, а лекарите предвидувале дека момчето ќе остане слепо и со парализа на ногата и раката.

Момчето раскажувало како додека го подготвувале за операција, пред себе видел светлина, а во неа храм со високи ѕидови и пред него бил Архангелот кој му рекол:

„Дојди тука, Василиј! Не плаши се, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на лекарот и операцијата ќе биде успешна“.

se-slavi-sveti-arhangel-mihail-angelot-koj-odluchuva-koj-kje-bide-spasen-a-komu-mu-chuknal-sudniot-chas-05.jpg

Момчето навистина оздравело, а најинтересно е што операцијата била направена на 21-ви ноември, денот кога се слави Архангел Михаил.

Од овие причини, Свети Архангел Михаил е една од најчестите слави како кај нашиот, така и кај другите православни народи. На денешен ден верниците одат во црква и се молат за свое, но и за здравје на своите најблиски.

На денешен ден именден слават Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...

se-slavi-sveti-arhangel-mihail-angelot-koj-odluchuva-koj-kje-bide-spasen-a-komu-mu-chuknal-sudniot-chas-02_copy.jpg

Се верува дека кога светците ги делеле улогите, Архангел Михаил ги добил есенското и зимското време, односно времето на зимските тешкотии.

Често се верува дека во овој период Архангел талка по светот преоблечен во просјак и целта му е да ги нагрди неверниците и да им помогне на сите што ќе се најдат во неволја.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...
Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 5-тиот роденден со тематска забава и торта на 3 ката (фот... „Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Ср...
Ресторан во Свети Николе е вистинска есенска бајка со тикви, суво цвеќе и сено (фото) Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој лока...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg