Се породи 60 годишна жена со бебе зачнато со ин витро во болница во Штип

На речиси 60 години, денес се породи пациентката на д-р Стојан Органџиски, по успешно спроведена ин витро процедура!

se-porodi-recisi-60-godisna-zena-so-bebe-zacnato-so-in-vitro-vo-bolnica-vo-stip-01.jpg

Историски ден и за нашиот тим. Здраво машко бебе дојде денес на свет со тежина од 3200 грама, зачнато кај нас, со следена бременост во нашата болница!

Оваа родилка е една од највозрасните пациентки на овие простори, која на речиси 60 - годишна возраст, ја донесе својата прва рожба. 

Станува збор за највозрасната жена што успешно има доносено и родено здраво дете на нашиве простори. Силната желба за бебе и нашите професионалци во целиот процес беа идеален спој, за и оваа семејна сторија да успее:

,,Бременоста ја постигнавме во нашата болница, по успешно спроведена ин витро постапка со донирани јајце клетки. Пред ин витро процедурата на пациентката и имам извршено хистероскопска операција со ресекција на септум - преграда во матката. Повеќе години пред лекувањето пациентката немаше менструални циклуси.
Целиот процес на лекување и самата ин витро постапка бараат многу знаење, посветеност и љубов кон самата професија. Целата бременост беше следена во нашата Болница и целокупната бременост протече сосема нормално", истакнува за овој несекојдневен успех доктор Стојан Органџиски, директор на Болница ,,Д-р Органџиски" и гинеколог што истрајно и со силно знаење ја водеше бременоста на оваа среќна мајка.

Поради тоа што пациентката не живее во Македонија, се породи денес во Софија. Штип за неа значи многу. Во нашата Болница е зачнат ембрионот на нејзиното здраво бебенце, благодарение на професионалната умешност на доктор Стојан Органџиски во спроведувањето на ваквите успешни ин витро процедури.

За успехот и за вложените знаења и енергија, заслужен е и целиот негов тим, на кој му упатува безусловна благодарност, а посебно на д-р Верица Органџиска и на главниот ембриолог во ин витро лабораторијата на Болницата, Емилија Миовска.

Среќа е да се подарат среќа и бебешки плач во уште еден дом!

Успех е да се оствари најголемата желба на секоја жена - да се биде мајка!

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...

Најчитани неделава