Најтажната приказна од Скопје ЗОО: Жирафата Флопи и нејзиниот негувател Ристе починаа во ист ден

Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сите оние кои со години доаѓаа во зоолошката и ѝ се радуваа и неа, и на Каспер и Тобого – жирафите кои имаа можност да ги погалат или да ги нахранат.   

zhirafata-flopi-i-nejziniot-neguvatel-zaminaa-vo-ist-den-i-ja-ispishaa-najtazhnata-prikazna-vo-skopskata-zoo-01.jpg

Скопската Зоолошка остана и без последната жирафа, откако вчера угина Флопи која ги усреќуваше децата, но и возрасните.

Веста за угинувањето на Флопи остави чувство на празнина и тага кај сите оние кои со години доаѓаа во зоолошката и им се радуваа и на жирафите Каспер и Тобого, кои имаа можност да ги погалат или да ги нахранат.   

zhirafata-flopi-i-nejziniot-neguvatel-zaminaa-vo-ist-den-i-ja-ispishaa-najtazhnata-prikazna-vo-skopskata-zoo-02.jpg

Флопи почина само неколку часа откако јавноста дозна за смртта на 44-годишниот негувател Ристе Трајковски, кој 12 години се грижеше за неа и беше вистински пријател со жирафите.

„Последната жирафа во Скопје и зоо-негувателот денеска ја испишаа најтажната приказна. Утрово почина зоо-негувателот Ристе, а во текот на денот угина и Флопи, за која Ристе се грижеше 12 години“, пишува на објава на Твитер.

zhirafata-flopi-i-nejziniot-neguvatel-zaminaa-vo-ist-den-i-ja-ispishaa-najtazhnata-prikazna-vo-skopskata-zoo-03.jpg

Флопи угина само 6 месеци по Каспер (мај 2023). Првата од трите жирафи во Скопје ЗОО, Тогобо, угина во јануари 2021-ва.

Емотивна објава сподели и фотографот Горан Анастасовски чии фотки од жирафите веќе се препознатливи:

„Не издржа ни еден ден без Ристе. Нè напушти и Флопи“, стои во објавата со неколку фотографии од Флопи и негувателот Ристе.

Повеќе фотографии од жирафите во Скопје ЗОО на следната страница:



Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава