Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени“

„Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнежи од запад. За време на викендот, во градовите можно е да има послаби локални врнежи од снег“, открива метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-popovski-meteorolog-vikendov-ochekuvajte-sneg-i-temperaturi-do-10-01.jpg

Сите можеме да се согласиме дека досега, есента е релативно топла.

Веќе е декември, а сè уште не сме почувствувале вистински студ.

Снег, пак, речиси и да нема.

slavcho-popovski-meteorolog-vikendov-ochekuvajte-sneg-i-temperaturi-do-10-02.jpg

Сепак, метеорологот Славчо Попоски прогнозира дека треба да се подготвиме за постудено време – утрински температури кои ќе се спуштат и до -10 степени, ќе има повеќе врнежи од дожд, но и снег.

slavcho-popovski-meteorolog-vikendov-ochekuvajte-sneg-i-temperaturi-do-03.jpg

Целата прогноза на Славчо Попоски за следниот период:

„По краткотрајното затоплување кое ни пристигна, имаме официјални информации дека веќе од четврток попладне и навечер кај нас доаѓа нова голема промена на времето и нов голем бран врнежи од запад, поточно од Атлантикот.

Најпрвин врнежите насекаде ќе бидат од дожд, потоа во четврток навечер и во текот на ноќта кон петок, поради продор на многу постуден воздух од север, на планините и на повисоките места врнежите од дожд брзо ќе преминуваат во врнежи од снег (НАПОМЕНА: Снежната граница ќе се спушти под 1.000 метри надморска височина).

На планините и на скијачките центри ќе се формира позначителна снежна покривка (од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 сантиметри, особено на високите планини)
.

slavcho-popovski-meteorolog-vikendov-ochekuvajte-sneg-i-temperaturi-do-10-04.jpg

За време на викендот, и тоа поради понатамошно спуштање на студен воздух од север, послаби локални врнежи од снег ќе има и во градовите. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.

Температурите позначително ќе се намалат, па така наутро истите насекаде ќе се спуштаат под нулата, понекаде тие ќе се спуштат и до -10 степени, а на високите планини и под -10 степени.

Максималните дневни температури за време на викендот исто така ќе бидат ниски и на многу места тие ќе се искачат само за некој степен над нулата, а понекаде ќе останат и негативни.

slavcho-popovski-meteorolog-vikendov-ochekuvajte-sneg-i-temperaturi-do-10-03.jpg

Во Скопје, со овој бран, врнежи од снег ќе има на околните планини, а провејување на снег можно е и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста за време на викендот по некоја снегулка локално да провее и во котлината. Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер.

НАПОМЕНА: Поради очекуваните интензивни снежни врнежи и ниските температури кои ќе создаваат појава на голомразица, на возачите им препорачуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и скијачките центри“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбукdepositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Пајак: „Никогаш не сум бил во Грција, сме немале можности - мама првпат на море ме однесе на 16 годи... „Како може да не си бил во Грција?“, го праша водителката, а Пајак вели: „Не сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg