„Ти не си родила дете, не знаеш што е мајка“ – Весна Петрушевска гневна заради коментарите упатени до неа

„Ти никогаш не си родила дете и не можеш да знаеш што е мајка“ - Нашата актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска Бејби на својот Инстаграм профил сподели коментар упатен до неа на една од објавите во кои нејзините деца зборуваат за врсничко насилство.

ti-ne-si-rodila-dete-ne-znaesh-shto-e-majka-vesna-petrushevska-gnevna-zaradi-komentarite-upateni-do-nea-01.jpg

Весна Петрушевска Бејби е мајка на две деца, Кирил и Мина, кои се биолошки брат и сестра, а актерката ги посвоила и се грижи за нив. Но, дали тоа значи дека таа не им е мајка и не знае што значи да се биде мајка?

Еден коментар упатен до една од нејзините објави, каде нејзините деца зборуваат за врсничко насилство, особено ја погодил актерката, па таа објави фотографија од него на својот Инстаграм профил, заедно со одговорот што го дала, а грдите зборови упатени до Весна предизвикаа гнев кај голем број од мајките и родителите.

„Ти никогаш не си родила дете и не можеш да знаеш што е мајка“ – стои во коментарот, на што Весна ѝ одговорила:

„Колку си ти примитивна, неука и за греота. Башка лажен профил? Сега малку ќе си популарна, 5 минути“.

Tаа во описот до фотографијата напиша:

„Зошто ни се случува сето ова? Многу просто, неуки, неедуцирани, полусветови, притоа на пост каде моите деца од школата зборуваат за врсничко насилство 'Крени Глас - Стоп за булинг'.

Булинг врз булинг. Колку треба да си лош и ненормален ова да го напишеш?“

Но, Весна доби голема поддршка од нејзините следбеници и родителите што ја виделе објавата, па ја охрабрија:

„Вие имaте многу деца, а не само две, кои сте биле во можност да ги изберете. За разлика од некои други, кои мора да ги прифатат. Тие деца растеле во вашето срце, вие сте дел од срцата на многу деца. Некој што ја следи вашата работа, знае која сте и какви лекции за родителство споделувате преку неа, каков хуманост сте, борец за права на немоќните, обесправените... Фала му на Бога што ја имаме Весна“;

„Оваа нема поим што значи да си родител! Не е родител само тој што створил и родил дете, ама изгледа нема кој да ѝ го објасни ова“;

„И јас никогаш не сум родила. Згрижувач сум на внуците од сестра ми и се чувствувам поголема мајка од многу што родиле. Тоа што некој не родил, не е мерка дека е добар родител, добра мајка“ – стои во дел од коментарите.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...

Најчитани неделава