Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од цела земја (фото)

Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересни натписи дојдоа од цела Македонија за дефилето на олдтајмери што се одржува петта година по ред во Скопје.

magija-vo-skopje-shou-na-oldtajmeri-so-sijalichki-i-praznichni-ukrasi-gi-raspolozhi-posetitelite-od-cela-zemja-foto-01.jpg

Во срцето на Скопје минатиот викенд (23.12), Буба клуб Македонија го организираше дефилето на олдтајмери.

Ова прераснува во прекрасна традиција, која се одржува веќе петта година по ред.

magija-vo-skopje-shou-na-oldtajmeri-so-sijalichki-i-praznichni-ukrasi-gi-raspolozhi-posetitelite-od-cela-zemja-foto-02.jpg

На дефилето учествуваа автомобилски клубови, но и индивидуалци од целата земја, кои со гордост ги покажаа своите автомобили, украсени во празнично руво.

„Го организиравме петтото по ред новогодишно дефиле и собир со колегите и пријателите од неколку клубови: ОТК Peugeot 404 Македонија, Gentlemen's Crew Skopje, OTK Олдтајмер Витези од Куманово, OTK Citroen 2CV Клуб Скопје и OТК Kings of the Street од Велес, како и неколку индивидуалци кои дојдоа со своите миленици и го збогатија собирот со нивното присуство.

Благодарност до сите кои зедоа учество! За многу години и среќна Нова година“, напишаа организаторите Буба клуб Македонија и објавија фотки на Фејсбук.

magija-vo-skopje-shou-na-oldtajmeri-so-sijalichki-i-praznichni-ukrasi-gi-raspolozhi-posetitelite-od-cela-zemja-foto-03.jpg

Погледнете ја прекрасната атмосфера која измами насмевка кај сите посетители, но и кај случајните минувачи:

А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава