Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Впечатлив накит, светки: Елена Ристеска и Антониа Гиговска издоминираа со стилот на предновогодишните настапи

Елена Ристеска со мини светкаво сребрено здолниште и тексас чизми на високи потпетици, а Антониа Гиговска со тексас комбинација и многу впечатлив накит - пејачките издоминираа со изгледот на своите последни настапи.

vpechatliv-nakit-svetki-elena-risteska-i-antonia-gigovska-izdominiraa-so-stilot-na-prednovogodishnite-nastapi-01.jpg

Во пресрет на 2024-та година, многу наши музичари пееја во клубовите и на плоштадите низ државата.

Тие секојдневно објавуваа фотографии и видеа од своите настапи, средбите со публиката, но и од својот стил.

Па, меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание со изгледот на предновогодишните забави беа Елена Ристеска и Антониа Гиговска.

vpechatliv-nakit-svetki-elena-risteska-i-antonia-gigovska-izdominiraa-so-stilot-na-prednovogodishnite-nastapi-11_1.jpg

Елена пееше на скопскиот плоштад, а за настапот избра сребрено мини здолниште, со сива ролка и сив капут.

Изгледот го дополни со тексас чизми на висока потпетица и впечатливи обетки со штрас, но и со темно виолетов кармин.

Антониа, пак, за настап во клуб во Свети Николе избра комбинација од тексас, со голи рамена.

Косата ѝ беше залижана наназад, во стилот на wet hair.

Целиот изглед го дополни со големи обетки со крстови, неколку алки, црни ракавици и светкави чизми.

Која ви изгледа подобро, Антониа или Елена? Погледнете ги фотографиите на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
„Цел на тато“ - Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски уживаат на одмор со синот Пејачката за време на одморот внимава на секој чекор на синот, а нејзиниот сопру...
Елена Најдоски ужива во празничната магија во Виена - во совршени модни изданија (фото) Елена Најдоски се прошета во некои од најдобрите модни изданија досега за време ...
Антониа Гиговска со бели веѓи и трепки за новиот спот: „Снимавме 3 дена во Египет, најзабавна беше с... Откако во претходниот спот беше со куса коса, Антониа се реши за нова трансформа...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Елена Ристеска за најголемата траума во детството: „Ќе ме киднапираа маж и жена, полицијата ги фати ... „Ми пријдоа маж и жена на околу 30 години и почнаа да ми зборуваат: ‘Еј, ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg