Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекуваат поларни утра – температурите може да се спуштат до -15 степени“

Метеорологот Славчо Попоски најавува значително намалување на температурите, како и врнежи од снег. За време на викендот, пак, утринските температури можат да се спуштат и до -15 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-vikendov-ochekuvame-polarni-utra-temperaturite-mozhe-da-se-spushtat-do-15-stepeni-01.jpg

Утрово нè дочекаа мошне ниски температури, како и слаби врнежи од снег на повеќе места низ Македонија, а според метеорологот Славчо Попоски, можеме да очекуваме уште постудени денови.

Неговата прогноза во продоложение:

Во текот на минатата вечер, врнежи од снег со слаб до умерен интензитет имаше на повеќе места низ Македонија.

На планините и на скијачките центри очекуваме формирање на позначителна снежна покривка.

slavcho-poposki-meteorolog-vikendov-ochekuvame-polarni-utra-temperaturite-mozhe-da-se-spushtat-do-15-stepeni-03_copy.jpg

Од денес ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кои на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.

Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.

slavcho-poposki-meteorolog-vikendov-ochekuvame-polarni-utra-temperaturite-mozhe-da-se-spushtat-do-15-stepeni-02.jpg

Во сабота и во недела очекуваме поларни утра и температурите на воздухот понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Нови обилни врнежи од снег и нов циклон, барем според сегашните резултати на нумеричките модели, очекуваме веќе следната седмица.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук; freepik.com

Би можело да ве интересира:

8 места во Скопје каде може да пробате вкусни италијански сендвичи со фокача Локали специјализирани за фокача сендвичи по оригинален рецепт, пршутерии каде м...
На почетокот на октомври падна првиот снег во Македонија - Побелеа Маврово и Попова Шапка Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), н...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Германец се воодушеви од Шар Планина, објави видео додека борда: „Ова не се Алпи, Македонија е!“ „Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа? Нема лифтови, не...
Потег за почит! Градинарот Андреј (25) сам расчистува делови од Скопје: „Чистам 2-3 пати неделно, мн... Состојбата на некои места во Скопје допринесе за тоа да почнам сам да расчистува...

Најчитани неделава