Тројца мали херои - Дуа, Нила и Максим по скоро 80 дена конечно си заминаа дома од ГАК

Три бебиња, две девојчиња и едно момче, кои се родија со помалку од 2.000 грама, конечно си заминаа дома по скоро 80 дена поминати на ГАК во Скопје.

gak-02.jpg

Дуа, Нила и Максим се тројцата мали херои кои денес (16.01) ја напуштија Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Од ГАК велат дека ова се три нови успешни приказни кои се запишани на Одделението за интензивна нега и терапија на новородени деца.

Тие фотките од бебињата кои си одат дома ги објавија на својата Фејсбук страница:

„Дома во топлите прегратки на своите родители си заминаа уште три наши мали борци.

По 78 дена лекување и бројни интервенции, во добра состојба си замина малата хероина Дуа Адеми.

Родена е во 27-та гестациска недела, со тежина од 1.020 грама, а семејството си ја дочека дома со 2.900 грама.

trojca-mali-heroi-dua-nila-i-maksim-po-skoro-80-dena-konechno-si-zaminaa-doma-od-gak-07.jpg

По 78 дена поминати на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, и малата Нила Ајдари замина дома.

Таа се роди со само 850 грама во 28-та гестациска недела, а ја испративме со 2.230 грама.

trojca-mali-heroi-dua-nila-i-maksim-po-skoro-80-dena-konechno-si-zaminaa-doma-od-gak-02.jpg

И малиот Максим Андреевски си замина од ОИНТ, со него најмногу се дружевме, дури 82 дена.

Максим се роди во 26-та гестациска недела со 1.010 грама, а сега има 1.810 грама.

На тројцата мали борци им посакуваме среќно детство, многу здравје, убави моменти и безброј радости. Само насмевки да им измамуваат на своите најблиски“.

trojca-mali-heroi-dua-nila-i-maksim-po-skoro-80-dena-konechno-si-zaminaa-doma-od-gak-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава