Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нашиот Мики Секуловски воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“: „Ти си ајкула, местото ти е во финалето“

Босанац, кој е познат по тоа што ретко дели комплименти, по настапот, му кажа на Мики дека е вистинска ајкула на сцената.

мики-01.jpg

Македонскиот пејач Мики Секуловски од Велес, имаше фантастичен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Тој пееше прв во емисијата што се прикажуваше вчеравечер (20.01) и освои шест гласа од жирито.

Велешанецот Мики овој пат ги испеа „Остала си увијек иста“ од Мишо Ковач и „Ако су то само биле лажи“ од Плави оркестар.

мики-09.png

Неговиот талент уште од првото појавување му носи позитивни коментари кај жирито, па Босанац, кој е познат по тоа дека ретко дели комплименти, по вчерашниот настап му кажа дека е вистинска ајкула на сцената.

Своето воодушевување не го криеше ни Ѓорѓе Давид.

„Македонец, мислам дека ти си најприроден кога пееш. Оваа година сигурно ќе бидеш финалист, местото ти е таму, и ако некој го оспори тоа, може да си оди дома. Ти си подготвен да снимиш и албум, а можеш да направиш обработка на буквално секоја песна - малку пејачи имаат таква способност“, му рече Давид.

мики-06.png

Мики, кого публиката кај нас го запозна преку учеството во шоуто „Македонски идол“, работи со Цеца Ражнатовиќ, која му е ментор.

Таа во минатото коло беше толку воодушевена од неговото пеење, што истрча боса на сцената за да го изгушка.

Настапот на Мики Секуловски почнува на 03:30:

Прочитајте и Цеца боса на сцената на „Гранд“, воодушевено истрча за да го бакне велешанецот Мики Секуловски

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ чека дете - откри со видео од Козјак и капче со натпис „тато“ „1 + 1 = 3“ напиша пејачот и со видео, со прекрасна позадина на Козјак, со сакан...
Иле - возачот на Итната помош од Кочани е нашиот херој среде оваа темнина: „Горди сме што те имавме!... „Што да се напише за тебе е премалку. Човек планина, човек со срце, душа човек к...
Македонец е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага: „Кога сонот ќе стане реалност“ (видео) Гордост! Мајкл Дамески пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, ...
Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси др... „Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија...
Ѕвездите на битолското кабаре на хедонистички одмор на Халкидики (фото) Коктели, тенис на плажа, пури, вечерни излегувања - ѕвездите на битолското кабар...
Бев на „Зимзоленд“ во Скопје - Што ми се допадна, а што не на нашиот новогодишен базар? Ако очекувате новогодишен базар во стилот на светските метрополи, најверојатно ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg