Тони од Кочани е мал херој: Се роди со тежина од 1.100 грама, по 58 дена борба си оди дома

Малиот Тони од Кочани е предвремено родено бебе кое успеа да ги надмине предизвиците на прераното раѓање и да си замине дома со неговите родители.

toni-od-kochani-e-mal-heroj-se-rodi-so-tezhina-od-1-100-grama-po-58-dena-borba-si-odi-doma-01.jpg

Како што информираат од Одделот за интензивна нега и терапија (ОИНТ) при Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје (ГАК), малиот Тони бил роден во 31-ва недела од бременоста со тежина од 1.100 грама.

toni-od-kochani-e-mal-heroj-se-rodi-so-tezhina-od-1-100-grama-po-58-dena-borba-si-odi-doma-02_copy.jpg

На голема радоста на медицинскиот персонал кој неуморно се грижел за него во изминатите 58 дена, Тони успеал да се избори со предизвиците и со тежина од 1.840 грама да си замине дома.

„Биди среќен наш мал борецу и имај детство исполнето со љубов и здравје.

Уживај во прегратките на твоите родители додека растеш во среќно и здраво дете“ – му порача персоналот на ГАК на официјалната Фејсбук страница.

toni-od-kochani-e-mal-heroj-se-rodi-so-tezhina-od-1-100-grama-po-58-dena-borba-si-odi-doma-03_copy.jpg

Инаку, минатата недела од ГАК информираа дека клиниката ја напуштија уште три мали хероини: Севда, Алиња и Мира.

toni-od-kochani-e-mal-heroj-se-rodi-so-tezhina-od-1-100-grama-po-58-dena-borba-si-odi-doma-04_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Тони Зен на семеен одмор во Шпанија – ги покажа тетоважите, ужива со синот кој му го смени животот (... Ги покажа тетоважите на неговото фит тело, носи чадори и торби на плажа, ужива в...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...

Најчитани неделава