Калиопи ѝ го разубави роденденот на обожавателката што ѝ го украде шоуто во Белград: „Сфатив за што и за кого постојам“

„Успеавме да го оствариме сонот на Ана, затоа што дома пеејќи ги моите песни рекла дека би сакала Калиопи да ѝ ја испее песната Rodjendan“ – напиша Калиопи до видеото на кое се гледа како успеала да ѝ го разубави роденденот на својата мала обожавателка.

kaliopi-i-go-razubavi-rodendenot-na-svojata-mala-obozhavatelka-sfativ-za-shto-i-za-kogo-postojam-01.jpg

Малите Ана и Мила успеаја да го украдат шоуто за време на големиот концерт на Калиопи во Белград, кои ги научиле песните на нашата поп дива, благодарение на нивната мајка Данијела.

Видеото во кое двете девојчиња на цел глас ги пеат хитовите на Калиопи за брзо време се прошири во сите балкански медиуми.

Сега нашата пејачка одлучи да ѝ ја исполни желбата на малата Ана и за нејзиниот роденден да ѝ ја отпее песната Rodjendan во живо.

Калиопи на својот Инстаграм профил објави кратко видео од средбата со нејзините две мали обожавателки во Скопје, кога заедно го прославиле роденденот на малата Ана, но и на нивниот татко Дејан кој е роден на истиот ден.

„Се сеќавате на малите Ана и Мила од мојот концерт во Белград? Да, тоа се оние две што ми го украдоа ’шоуто‘! И ми го украдоа срцето, во истиот миг кога го видов нивното видео!

Благодарение на нивната мајка Данијела, стапивме во контакт и успеавме да го оствариме сонот на Ана, затоа што дома пеејќи ги моите песни рекла дека би сакала Калиопи да ѝ ја испее песната Rodjendan за нејзиниот роденден.

kaliopi-i-go-razubavi-rodendenot-na-svojata-mala-obozhavatelka-sfativ-za-shto-i-za-kogo-postojam-02.jpg

Па затоа што и на татко им Дејан на истиот ден му е роденден (15.02) тие одлучија да допатуваат во Скопје, каде што ја договоривме средбата. Секако Мила и Ана немаа поим за овој наш план.

Сè останато се слики длабоко врежани во сеќавањето, што долго, долго ќе ги носиме во срцата. И повторно, по не знам којпат, сфатив зошто и за кого постојам. Ти благодарам животе“ – напиша Калиопи до видеото.

kaliopi-i-go-razubavi-rodendenot-na-svojata-mala-obozhavatelka-sfativ-za-shto-i-za-kogo-postojam-03.jpg

Погледнете како изгледаше роденденската забава што Кaлиопи ја организира за својата мала обожавателка:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Денес се слави Св. Ана, мајката на Богородица - Ѝ се молат жени и парови кои сакаат да добијат деца Православните христијани денес (7 август), го празнуваат успението на Св. Ана, м...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Обожавателка на Лозано помина 3.500km од Русија до Скопје за да му дојде на концерт: „Километри љубо... Наталија тргнала од Уљановск, град кој е 3.481km оддалечен и од Скопје и дека пр...

Најчитани неделава