Славчо Попоски, метеоролог: „Повторно пролетни температури, но можни се и пообилни врнежи од дожд“

„Температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат и до пролетни 20 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-povtorno-proletni-temperaturi-no-mozhni-se-i-poobilni-vrnezhi-od-dozhd-01.jpg

Иако до календарскиот почеток на пролетта има скоро цел месец, се чини дека таа е веќе овде.

Натпросечно високите температури изминативе недела-две ќе продолжат и во наредните неколку дена, со разлика што можно е да има пообилни врнежи од дожд.

slavcho-poposki-meteorolog-povtorno-proletni-temperaturi-no-mozhni-se-i-poobilni-vrnezhi-od-dozhd003.jpg

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојната недела:

„Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен 'Ел Нињо' ќе продолжи и во текот на оваа недела, температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат и до пролетни 20 степени.

Сепак, ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток.

Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог. Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најизразен долж Повардарието.

slavcho-poposki-meteorolog-povtorno-proletni-temperaturi-no-mozhni-se-i-poobilni-vrnezhi-od-dozhd002.jpg

Во Скопје исто така очекуваме слично време како и во останатите предели од државава.

Мора да напомниме дека поради изразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија, како и во поголем дел од Европа и Балканот, се очекува транспорт на прашина и на песок, со што и атмосферата ќе биде заматена“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук; freepik.com

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Трајче Ѓоргиев од „Пинкови ѕвездички“: „И 10 години по шоуто, ме препознава... Едни од најубавите спомени поврзани со шоуто ми се оние кога по моите настапи, ж...
Славчо Попоски, метеоролог: „По екстремно високите температури, нè очекува пороен дожд во петок“ „Во петок (27 јуни) попладне и навечер ќе има развој на локална нестабилност со ...
Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
Раскинаа Александар Динев и Евче, се огласија со заедничка објава: „Веќе 4 месеци не сме заедно“ Во стилот на светските ѕвезди, кои преку јавни заеднички објави откриваат дека р...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Ана Стојанова по операцијата на слепо црево: „Со уште некој рез на мене како подарок одам понатаму“ „Операцијата помина успешно. Не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако тогаш...

Најчитани неделава