Секоја чест! За неполн ден собрани скоро 1 милион денари за лекувањето на Срна

За помалку од 24 часа, откако родителите Трајче и Васка Панови испратија апел за собирање донации за лекување на нивната 3-годишна ќерка Срна, хуманите граѓани ги собраа потребните средства.

sekoja-chest-so-donacii-za-nepoln-den-se-sobraa-skoro-1-milion-denari-za-lekuvanjeto-na-srna-01.jpg

Откако вчера (06.03) во јавноста се прошири апелот за собирање донации за лекување на 3-годишната Срна, за неполн ден се собраа скоро 1 милион денари, односно средствата кои на родителите Трајче и Васка Цветаноска Панова им беа потребни за лекување на нивното дете.

„Срна има 3 години. Во октомври разви сепса поради уринарна инфекција што прејде во тешка форма пиелонефрит и остави трајни оштетувања на левиот бубрег.

Откриена е хидронефроза и камен во левото бубреже, а доби и нова сепса. Моментално е хоспитализирана.

Потребни се нови испитувања, оперативно лекување и целосно опоравување“, стои во апелот што беше објавен на ECrowd.mk.

sekoja-chest-so-donacii-za-nepoln-den-se-sobraa-skoro-1-milion-denari-za-lekuvanjeto-na-srna-02.jpg

Оттаму велат дека донираните средства ќе се искористат за сегашниот престој во болница и лекувањето на сепсата, за контроли, нови прегледи и за операцијата со која ќе се отстранат каменот и хидронефрозата.

„Сите овие интервенции ќе чинат најмалку 922.500 денaри“, открија родителите на Срна.

Нивниот апел со голема брзина почна да се шири на социјалните мрежи и за помалку од 24 часа се собрани 949.400 денари, преку донациите од хуманите граѓани.

На ЕCrowd, првата краудфандинг платформа во Македонија за граѓански организации, каде што се собираат донации за Срна, има апел и за лекување на уште едно девојче, 12-годишната Кара, за чие лекување се потребни 1,4 милиони денари, а досега се собрани само 45.000 денари.

?ref=embed_post

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg