Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекува вистинска пролет, следната недела температури и до 20 степени“

„Времето во следните денови ќе остане топло, со пролетни температури на воздухот. Во најтоплите предели од државата, температурата може да се искачи и до 20 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-ne-ochekuva-vistinska-prolet-slednata-nedela-temperaturi-i-do-20-stepeni-01.jpg

По неколкуте постудени и врнежливи денови, до крајот на март можеме да очекуваме многу потопло време.

Односно, за разлика од лани, годинава ќе ги избегнеме доцните зимски студови и порано ќе ги почувствуваме пролетните температури.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Судејќи според моменталните анализи, направени со помош на најпрецизните прогностички модели, оваа година по сè изгледа ќе изостанат доцните зимски студови, кои се карактеристични за месец март.

Времето во следните денови, односно до крајот на март ќе остане топло со пролетни температури на воздухот кои на многу места ќе надминуваат 10 степени, понекаде тие ќе достигнат и до околу 15 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели, температурата локално ќе се искачи до околу, или близу 20 степени.

slavcho-poposki-meteorolog-ne-ochekuva-vistinska-prolet-slednata-nedela-temperaturi-i-do-20-stepeni-02.jpg

Врнежите полека ќе се намалуваат, иако и понатаму повремено и локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд.

Уште потопло треба да биде кон крајот на викендот и следната седмица кога температурите понекаде би надминувале и 20 степени.

Појава на утрински мразови не се очекуваат, поради тоа што на повеќе места очекуваме температури малку над нулата“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
„Го дочекав моментот фонтаната Лотос пак да работи, ми се врати времето назад. Скопје расцутено, уба... „И после толку години, го видов моментот кога Лотосот пак работи. Мала работа, а...
Ноќеска почнува зимското сметање на времето - ќе трае до март Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Пере од Нокаут: „Тешко е што денес го испраќаме Панчо, со Андреј оставија нешто што времето нема сил... „Кочани нека не се повтори никогаш повеќе. Цела земја, сите што ве сакаа, нема д...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...

Најчитани неделава