Четворица Македонци добија органи од починат донор: Нова успешна трансплантација на нашите доктори

„Направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи - еден пациент доби срце, еден црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива“ - велат од Министерството за здравство.

chetvorica-makedonci-dobija-organi-od-pochinat-donor-nova-uspeshna-transplantacija-na-nashite-doktori-01.jpg

Семејството на починатиот битолчанец Пеце Аврамовски, како што пишуваат блиските на социјалните мрежи и на битолските медиуми, ги донираше неговите органи и со тоа, досега, се спасени четири животи - еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, а двајца пациенти добија бубрези.

За хуманиот подвиг на семејството од Битола, но и за успешната мултиорганска трансплантација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што открија и детали за четирите операции.

„Во текот на вчерашниот ден е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива“.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот коешто се одлучи да ги донира органите од нивниот близок и со тоа да спасат најмалку 4 животи.

„По добиената согласност од семејството, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Огромна благодарност до семејството на донорот, кои повторно нè потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот.

Нивната одлука денес значи нов живот за некого. Од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас нè прави подобри луѓе. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, изјавил министерот Демири, а пренесоа на Фејсбук страницата на Министерството за здравство.

Таму е објавен и податокот дека од 2020 година досега се трансплантирани 11 срца, 4 црни дробови, 38 бубрези и 24 коскено ткива, односно 77 органи.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Кои познати Македонци добија принова во 2025-та? Некогашната кошаркарка Едина Муса стана мајка и го доби синот Максим, син доби и...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Влатко Лозаноски го покажа синот Марко првпат по 8 месеци, го држи во прегратка и му пее (видео) 8 месеци откако во тајност доби син, Влатко Лозаноски - Лозано првпат го покажа ...

Најчитани неделава