Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција

Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ќе го добие бубрегот од мајката на тоа дете. Две мајки сплотени во борбата најдоа начин да ги спасат животите на своите деца – масовно се собираат средства за операција.

dve-majki-od-makedonija-kje-doniraat-bubrezi-za-svoite-deca-se-sobiraat-pari-za-operacija-01.jpg

Никој подобро не може да знае како изгледа борбата за живот на децата, од мајките кои до последен миг се борат за своите најмили.

Две мајки од Македонија ќе донираат бубрези за да ги спасат животите на нивните деца, а Македонија се крева на нозе за да се соберат средства за операциите.

Преку првата крауфандинг платформа во Македонија ECrowd се собираат средства за да се спасат два млади животи.

Првиот е на Филип, момчето кое е првото дете на кое му е направена трансплантација на бубрег на Клиниката за детска хирургија во 2009-та година, кој функционирал добро сѐ до 2018-та година.

dve-majki-od-makedonija-kje-doniraat-bubrezi-za-svoite-deca-se-sobiraat-pari-za-operacija-povekje-01_copy.jpg

Но, оттогаш, па наваму Филип е на дијализа трипати неделно, со сериозни нарушувања на коските, зглобовите и васкуларни проблеми кои во еден момент кулминираат со сепса и коматозна состојба.

Филип се бори за живот откога знае за себе - тој не знае поинаку. Живее во количка. Но, за него е најден донор.

Мајката на Филип и мајката на друго 8-годишно дете, споени во својата борба, најдоа решение. Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на 8-годишното момче, додека мајката на тоа дете, ќе донира бубрег за Филип.

dve-majki-od-makedonija-kje-doniraat-bubrezi-za-svoite-deca-se-sobiraat-pari-za-operacija-povekje-02.jpg

Македонија повторно е на нозе, се собираат средства со кои ќе се спасат два млади животи.

Потребно е да се соберат околу 60.000 евра за Филип, за да се изврши вкрстена ретрансплантација и плазмофереза на бубрег во Турција.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава