Антониа Гиговска паднала на сцена, Марко Марк водел емисија со откопчан патент: Кога биле најзасрамени нашите јавни личности?

„За 1-ви април гостував во 'Сител Бамбини' и водителот ме праша во што сум маскирана. Јас бев Жаде, ама во тој момент не можев да се сетам, па во емисија во живо стоев збунета и во себе си велев 'Help'. Имав многу трауми од тоа“, ни кажа Нина Ред, која потоа долги години работеше како ТВ-водителка. 

antonia-gigovska-padnala-na-scena-marko-mark-vodel-emisija-so-otkopchan-patent-koga-bile-najzasrameni-nashite-javni-lichnosti-01.jpg

Сите во животот сме имале ситуации кога сме сакале да „пропаднеме во земја“ од срам. Ништо поинакви не се ни јавните личности.

И нив им се случувале работи поради кои некогаш биле засрамени, но денес се смеат на своја сметка, кога ќе се сетат на таа ситуација.

Направивме видео анкета со пејачките Лара Иванова и Антониа Гиговска, ТВ-водителите Ване Маркоски и Марко Марк, модната креаторка Ива Спасовска, инфлуенсерката Нина Ред и фризерот и шминкер Октај Сејди, кои ни открија поради што знаат да се засрамат и денес, а ни раскажаа и некои ситуации кога не знаеле како да реагираат од срам.

„Бев на фестивал во Русија, ја промашив скалата и паднав пред сите“, ни кажа Антониа Гиговска за еден од моментите кога била најзасрамена.

antonia-gigovska-padnala-na-scena-marko-mark-vodel-emisija-so-otkopchan-patent-koga-bile-najzasrameni-nashite-javni-lichnosti-02_copy.jpg

Лара, Ване и Ива велат дека често им се случува да заборават нечие име, па се чувствуваат непријатно кога ќе го згрешат.

Инфлуенсерката Нина Ред, пак, се сети на ситуација од деството кога гостувала во емисијата „Сител Бамбини“.

„За 1-ви април гостував во емисијата и водителот ме праша во што сум маскирана. Јас бев Жаде, ама во тој момент не можев да се сетам, па во емисија во живо стоев збунета и во себе си велев 'Help'. Имав многу трауми од тоа“, вели Нина, која потоа долги години работеше и како ТВ-водителка. 

Што ни одговорија останатите, погледнете во видеото:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Марко Пејчиновски: „Како мали со брат ми го видовме татко ни како чисти една гнасна кофа - добивме в... „Го прашавме татко ни: „Како не ти е гнасно тоа да го чистиш?“ Тој престана со м...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg