Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекува врнежливо лето со услови за големи временски непогоди“

„Ова лето ширум Европа, како и во Македонија може да има повеќе врнежи од вообичаено, со големи шанси за временски непогоди“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-ne-ochekuva-vrnezhlivo-leto-so-uslovi-za-golemi-vremenski-nepogodi-01.jpg

Пролетта почна со релативно повисоки температури, но периодов времето е претежно облачно и врнежливо.

А, изгледа слични температури можеме да очекуваме и во голем дел од летото.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за ова лето:

„Во текот на претстојното лето, феноменот 'Ла Ниња' сè повеќе ќе добива на сила, а особено кон крајот на летото и во текот на есента и зимата 2024/2025.

Токму ова ќе услови летово ширум Европа, Балканот, како и во Македонија да има повеќе врнежи од вообичаеното.

Сè поголеми се шансите да се случат и локални, но големи временски непогоди кои би можеле да нанесат и многу штети. Значи, граѓаните да бидат подготвени на сè.

slavcho-poposki-meteorolog-ne-ochekuva-vrnezhlivo-leto-so-uslovi-za-golemi-vremenski-nepogodi-03.jpg

Овој метеоролошки феномен ќе ги зголеми шансите и за многу повеќе снег во Македонија во текот на зимата 2024/2025, а токму кога е активна 'Ла Ниња' во зимскиот период, тогаш снег врне и во Скопје.

Инаку, досега беше активен метеоролошкиот феномен 'Ел Нињо' и тој услови да имаме еден невообичаено топол февруари, па и март.

Поладно време имавме и во април, иако и тој беше за некој степен над просекот гледано по температурите.

Генерално, и зимата 2023/2024 беше со натпросечно високи температури, а речиси и да не видовме снег“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

На почетокот на октомври падна првиот снег во Македонија - Побелеа Маврово и Попова Шапка Откако до пред неколку дена имавме речиси летни температури, од денес (02.10), н...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...

Најчитани неделава