Повторно уништена опрема и реквизити на неколку детски игралишта во Скопје (фото)

Во текот на изминатите денови непознати сторители уништиле дел од урбаната опрема во Капиштец, Водно и Дебар Маало.

povtorno-unishtena-oprema-i-rekviziti-na-nekolku-detski-igralishta-vo-skopje-foto-01.jpg

Станува збор за клупа и дел од реквизити од детските игралишта „Партение Зоографски“, Славка Недиќ и новото игралиште близу т.ц Зебра. Искинати се кабли и уништени се лулашки и огради, а со тоа и оневозможена е детската игра за најмалите.

povtorno-unishtena-oprema-i-rekviziti-na-nekolku-detski-igralishta-vo-skopje-foto-02.jpg

Поради овој и слични вандалски однесувања градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува поединците кои ја уништуваат урбаната опрена да престанат да го прават тоа, а граѓаните да ги пријавуваат оние кои ќе ги затекнат во вакви дејствија.

povtorno-unishtena-oprema-i-rekviziti-na-nekolku-detski-igralishta-vo-skopje-foto-03.jpg

„На годишно ниво Општина Центар извојува од 3 до 5 милиони денари за оштетена јавна опрема. Наместо овие средства да бидат искористени за нови детски игралишта на локации каде сега ги нема. Воедно уништената урбана опрема значи, недостаток на место за седење во блискиот парк, простор за оддишка на пензионерите или мајките со деца, помалку лулашки или лизгалки во детските паркови и игралишта. Уништената урбана опрема е лицето на нашето однесување и сликата за нашата свест. И треба да се запрашаме каде одиме. Штетата што се прави на јавно-прометните површини е во количини што не се за потценување затоа апелирам до сите оние поединци или група вандали да не ја уништуваат урбаната опрема и истовремено замолувам граѓаните кои ќе забележат несоодветно однесување и уништување на јавното добро да го пријават во полициска станица“, посочи Герасимовски.

povtorno-unishtena-oprema-i-rekviziti-na-nekolku-detski-igralishta-vo-skopje-foto-01_1.jpg

Општина Центар ги известува граѓаните дека во ноќните часови детските игралиште се користат како места за собирање и консумирање алкохол, а наутро општинските служби чистат искршени стаклени шишиња и срчи. Општина Центар апелира за внимание и од страна на родителите за постапките и однесувањето на своите деца.

povtorno-unishtena-oprema-i-rekviziti-na-nekolku-detski-igralishta-vo-skopje-foto-05.jpg

Општина Центар потсетува дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат казни од надлежните институции.

Со цел да го заштитиме јавното добро градоначалникот Герасимовски ги повикува граѓанските организации, месните и урбаните заедници да се вклучат во подигањето на свеста за зачувување на урбаната опрема, како и да се вклучат во конкретни активности кои ќе придонесат за подобрување на актуелната состојба. Сите имаме одговорност да ја чуваме околината и јавните добра.

povtorno-unishtena-oprema-i-rekviziti-na-nekolku-detski-igralishta-vo-skopje-foto-04.jpg

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Центар со поддршка за семејствата на летниот распуст, ги отвораме градинките за ученици до 10 годин... Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за деца до 10 годишна в...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...

Најчитани неделава