Браќата Даријан и Мартин ги запросија девојките во исто време: Едниот на концерт на Петар Грашо, другиот на ручек во Охрид

„Заедно се консултиравме околу изборот на прстените. Имаме сличен вкус и си помогнавме еден на друг за успешно да одбереме прстени. Преубаво е чувството кога сето тоа го правиш за личноста која ја сакаш и ти значи“, велат браќата Даријан и Мартин од Скопје, кои за помалку од 24 часа ги запросија своите девојки.

brakjata-darijan-i-martin-gi-zaprosija-devojkite-vo-isto-vreme-edniot-na-koncert-na-petar-grasho-drugiot-na-ruchek-vo-ohrid-01.jpg

Кога ќе ги видите браќата Даријан и Мартин Трајанови од Скопје, на прва ќе си помислите дека се близнаци, колку многу личат еден на друг.

Но, и покрај разликата од скоро 3 години, тие се премногу блиски и размислуваат исто, па така, решиле во исто време да купат прстени за своите девојки и да ги запросат во исто време, со помалку од 24 часа разлика еден од друг.

Мартин прв клекна на колено пред Славица, и тоа на концертот на Петар Грашо во Словенија, бидејќи таму живеат во моментов.

Даријан пак, следниот ден ја изненади Симона додека беа на романтичен ручек во Охрид.

brakjata-darijan-i-martin-gi-zaprosija-devojkite-vo-isto-vreme-edniot-na-koncert-na-petar-grasho-drugiot-na-ruchek-vo-ohrid-20.jpg

За CRNOBELO.com, Даријан и Мартин велат:

„Заедно се консултиравме околу изборот на прстените. Имаме сличен вкус и си помогнавме еден на друг за успешно да одбереме прстени.

Преубаво е чувството кога сето тоа го правиш за личноста која ја сакаш и ти значи. Целиот план за избор на прстенот, земањето мерка, смислувањето на начинот на запросување се преубави моменти, кои посакуваме секој да ги доживее.

Двајцата со свршениците размислуваме и за свадбата и планот ни е тоа да биде веќе наредната година. Но ќе одиме чекор по чекор, внимателно ќе го осмислуваме секој детаљ и ќе уживаме во целиот процес на организација.

Свадбите ќе бидат блиску една до друга, но ќе има доволно време да се одмориме од едната и да собереме сила за наредната“.

brakjata-darijan-i-martin-gi-zaprosija-devojkite-vo-isto-vreme-edniot-na-koncert-na-petar-grasho-drugiot-na-ruchek-vo-ohrid-10.jpg

Браќата ни ги раскажаа и своите љубовни приказни, но и интересни детали поврзани со самото запросување.

„Ние сме доста поврзани во секој поглед. Уште од мали работите гледавме да ги реализираме заедно, братски, дали е тоа некоја спортска организација, дружба, забава, облека.

Па така, и едно од најважните животни остварувања, со цел да ги изненадиме нашите сакани девојки, родителите и најблиските пријатели, сакавме да го реализираме заедно, во наш стил, братски. Секој на свој начин, а со заедничка идеја“, велат тие.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...

Најчитани неделава