Браќата Даријан и Мартин ги запросија девојките во исто време: Едниот на концерт на Петар Грашо, другиот на ручек во Охрид

Ова е приказната на Мартин и Славица:

brakjata-darijan-i-martin-gi-zaprosija-devojkite-vo-isto-vreme-edniot-na-koncert-na-petar-grasho-drugiot-na-ruchek-vo-ohrid-02.jpg

Мартин (27) е специјализант по радиологија, а неговата свршеница Славица Маркоска (27) од Охрид е специјализантка по нуклеарна медицина.

Парот живее во Копер, Словенија, каде што Мартин ја запроси Славица на концертот на Петар Грашо, по 8 години врска.

„Во овие скоро 8 години заедно поминавме многу моменти, и убави и тешки (се разбира многу повеќе убави), ги поминавме во еден здив, со премногу љубов и трпеливост.

Размислувајќи наназад, многупати разговаравме за запросувањето и бракот, можеби последнава година почесто.

Но секогаш заедничко ни беше да ги оствариме приоритетните обрски, осамостојувањето, да добиеме специјализација и да создадеме егзистенцијална стабилност.

brakjata-darijan-i-martin-gi-zaprosija-devojkite-vo-isto-vreme-edniot-na-koncert-na-petar-grasho-drugiot-na-ruchek-vo-ohrid-07.jpg

Начинот на запросување беше една моја длабока тајна со која Цаци немаше допирна точка. И тоа секако, беше и тоа какво изненадување.

Постојано сум размислувал на каков начин би ја изненадил Цаци во тој чин. Сакав запросувањето да го направам на мој начин и на начин на којшто таа го заслужува - најубавиот, најромантичниот.

Многу размислував дали тоа да биде на некоја убава, егзотична дестинација покрај море, на место со одлична музика и гужва од пријатни и весели луѓе.

Но, бидејќи и двајцата сме огромни вљубеници во живот покрај море, што и ни беше целта - да бидеме лекари и да живееме во град покрај море - кога го избравме Копер, кој за нас двајцата претставува почеток на нашиот нов живот, одлучив да ја запросам токму во Копер, на концертот на еден од најдобрите и најпопуларни пејачи во регионот, пред 7.000-на весела и насмеана публика.

brakjata-darijan-i-martin-gi-zaprosija-devojkite-vo-isto-vreme-edniot-na-koncert-na-petar-grasho-drugiot-na-ruchek-vo-ohrid-13.jpg

Како успеав да го изведам ова без таа да посомнева...? Ехх... ‘мале тајне великих мајстора’, ха, ха. Се шегувам.

Во целата организација беа вклучени неколку наши многу блиски пријатели, без чија помош, скоро и невозможно ќе беше сè сам да организирам без таа да се посмнева.

Грашо е навистина еден голем господин и фраер, кој во пола минута смисли како ќе се одвива целиот акт на запросување и ми рече: ’Ти само уживај’.

И така беше без таа да има некакви сомнежи. Но имаше и многу прашања и нејаснотии од нејзина страна: ’Зошто сме толку близу до бината?’, ‘Зошто сега ме носиш толку близу до скалите од бината? Да не случајно ќе се качуваш на бина да пееш?’.

Ова се случуваше некаде кон крајот на концертот, кога требаше да го испее неговиот стар и голем хит ‘Nevista’, што беше и негова идеја - запросувањето да биде токму на таа песна.

Тој почна да свири на клавирот на негов посебен начин, па имаше говор и пред големиот чин нè претстави двајцата, нè повика да застанеме на самиот центар од бината, а потоа сè друго е историја“.

brakjata-darijan-i-martin-gi-zaprosija-devojkite-vo-isto-vreme-edniot-na-koncert-na-petar-grasho-drugiot-na-ruchek-vo-ohrid-11.jpg

Погледнете го видеото:

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...
Запросување на Канео: Дечко клекна пред девојка од САД, која пред 5 години била волонтер во Македони... Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по зав...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...

Најчитани неделава