Наши и регионални познати личности што го кријат идентитетот на татковците на нивните деца

Причините се најразлични, некои сметаат дека тоа е дел од нивниот приватен живот, други пак, се обврзани да молчат. Кои наши и регионални ѕвезди го кријат идентитетот на татковците на нивните деца?

nashi-i-regionalni-poznati-lichnosti-shto-go-krijat-identitetot-na-tatkovcite-na-nivnite-deca-01.jpg

Голем број наши и регионални пејачки, ТВ водителки и актерки одлучиле да се остварат во улогата на мајки, но не сакаат јавно да зборуваат за татковците на нивните деца.

Според нив, тоа е интимна тема, за која не сакаат да зборуваат во јавноста и тоа е сосема нормално.

Секој од нас има право да задржи дел од сопствената приватност за себе, нели?

Кои наши и регионални познати личности не го откриваат идентитетот на нивните деца?

Сузана Спасовска

Нашата позната пејачка Сузана Спасовска само во една пригода рече дека нејзината ќерка Теона го нема видено татко ѝ од бебе.

Теона денес е во брак и во 2020-та година ја доби ќерката Клара, а Сузана ужива во улогата на баба.

nashi-i-regionalni-poznati-lichnosti-shto-go-krijat-identitetot-na-tatkovcite-na-nivnite-deca-02.jpg

Ирена Спировска

Нашата позната ТВ водителка Ирена Спировска, освен што не сака премногу да зборува за ќерка ѝ Зорица, таа никогаш не открила кој е нејзиниот татко.

Во една пригода рече дека ќерка ѝ Зорица е млада девојка која има право на свој живот, амбиции и соништа, кои таа смета дека нема потреба да ги експонира во јавноста.

nashi-i-regionalni-poznati-lichnosti-shto-go-krijat-identitetot-na-tatkovcite-na-nivnite-deca-04.jpg

Миа Костова

Познатата ТВ водителка и инфлуенсерка е мајка на синот Андрија, но иако во повеќе наврати зборувала за таткото на нејзиниот син и за нивниот однос, таа досега не го открила неговиот идентитет.

nashi-i-regionalni-poznati-lichnosti-shto-go-krijat-identitetot-na-tatkovcite-na-nivnite-deca-03.jpg

Марија Шерифовиќ

Меѓу попознатите регионални ѕвезди кои не зборуваат јавно за идентитетот на таткото на нивното дете е и Марија Шерифовиќ.

Таа во повеќе наврати нагласи дека со оглед на тоа што синот Марио го доби со помош на сурогат мајка, таа со договор е обврзана да не го открива идентитетот на неговиот татко.

Во една пригода таа само накратко откри дека таткото на Марио е „згоден фраер и Европеец“.

nashi-i-regionalni-poznati-lichnosti-shto-go-krijat-identitetot-na-tatkovcite-na-nivnite-deca-06.jpg

Сека Сабљиќ

Српската актерка Сека Сабљиќ со години е препознатливо лице на нашите и регионалните екрани. Познато е дека таа е мајка и има син, но повеќе од 48 години вешто го крие идентитетот на неговиот татко.

nashi-i-regionalni-poznati-lichnosti-shto-go-krijat-identitetot-na-tatkovcite-na-nivnite-deca-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Таткото на Надица од Кочани, на денот кога требаше да слави матура: „Каде и да си, за мене ќе си нај... „Домот требаше да е полн со смеа, музика. Требаше да гледам како се подготвуваш,...

Најчитани неделава