Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден?

Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него, таа ја изрекува казната со огaн. Што не треба да се прави на овој ден?

deneska-e-ognena-marija-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-01.jpg

На 30-ти јули православните христијани го слават празникот света великомаченичка Марина, во народот познат и како „Огнена Марија“.

Овој празник традиционално многу повеќе го слават жените, а се верува дека треба да се воздржат од каква било работа.

Традиционално, деновите од 28-ми до 30-ти јули, во народот уште се нарекуваат и „Горешници“, а на последниот ден е празникот посветен на света Марина.

Се верува дека во овој период не треба да се работат никакви полјоделски работи заради заштита од пожари и поројни дождови.

deneska-e-ognena-marija-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-02.jpg

Иако овој празник не е одбележан со црвени букви во православниот календар, кај повозрасните постоелa големa стравопочит кон култот на оваа поборничка за христијанската вера, која била заштитничка на жените.

Како ќерка единица на родители незнабошци Марина се крстила во 12-тата година од животот, заради што нејзините родители се одрекле од неа.

Одбивала да се омажи и сакала да му го посвети животот на Христа. Кога имала 16 години, царскиот намесник Олимвриј ја побарал за жена и побарал од неа да им се поклони на идолите.

Но, откако го одбила, таа била ставена на тешки маки и била убиена со меч.

Дел од светите мошти на Марина денес се наоѓаат во нејзиниот манастир сместен над Охридското Езеро, на планината Ланга во Албанија, а се верува дека таму се случувале голем број чуда.

deneska-e-ognena-marija-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-04.jpg

Поради ова, света Марина станала многу почитувана особено кај жените, а празникот го добил името Огнена Марија, затоа што се верува дека оваа светица слично како и свети Илија казнува со оган.

Често во народот Марина е позната како сестра на громовникот Илија и на свети Пантелејмон, а старите веруваат дека на овој ден не треба ништо да се работи затоа што тој ден секоја работа е грешна и ја прекршува божјата волја.

deneska-e-ognena-marija-shto-ne-treba-da-pravite-na-ovoj-den-05.jpg

Дел од повозрасните жени, на овој ден стравуваат дури да вденат и конец во игла, затоа што и тоа дело би можело да биде казнето.

Во некои семејства овој празник се слави и како света слава.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава