Не сакаат да си одат од куќите, тоа е сè што имаат - Страшни видеа од опожарените села во Македонија

Додека едни одбиваат да си одат и со полиција мораа да бидат евакуирани од домовите, други до доцна во ноќта ораа со трактори, покрај огнената стихија, со цел да спречат да се прошири во нивните села. Тажни глетки од селата зафатени со пожари низ Македонија.

gori-vo-svetinikolsko-lugjeto-ne-sakaat-da-gi-napushtat-kukjite-po-celi-nokji-oraat-so-traktori-za-da-se-spasat-videa-i-fotki-od-pozharite-01.jpg

Во изминатиот период голем број македонски шуми беа зафатени од пожари, а огнената стихија се прошири и врз неколку села.

Социјалните мрежи се преплавени со застрашувачки фотографии и видеа, но и со апели за помош и поголемо внимание.

„Апелирам до сите сопственици на викендички и жителите на села што може да бидат зафатени од пожари да направат противпожарен појас околу своите викендици, околу своите куќи или околу селата.

Тоа треба да бидат појаси широки од 10 до 20 метри ораници направени со големи трактори.

На тој начин превентивно ќе се заштитат сите села“ – порача во своето денешно видео обраќање, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

so-traktori-pravat-oranici-okolu-selata-odbivaat-da-si-odat-strashni-videa-od-pozharite-vo-makedonija-05.jpg

Тој исто така апелираше да не се палат стрништата и пасиштата и исто така граѓаните да обрнат поголемо внимание, за да не се предизвикуваат нови пожари.

so-traktori-pravat-oranici-okolu-selata-odbivaat-da-si-odat-strashni-videa-od-pozharite-vo-makedonija-02.jpg.jpg

Тој информира за денешната состојба со пожарите (30.07), а како што рече во текот на вчерашниот ден во светиниколското село Малино изгореле 20-тина куќи.

Поголем дел од овие куќи биле стари и напуштени, но имало и такви во кои сè уште живееле луѓе. Овој пожар денес е ставен под контрола.

so-traktori-pravat-oranici-okolu-selata-odbivaat-da-si-odat-strashni-videa-od-pozharite-vo-makedonija-03.jpg.jpg

Освен тоа, Ангелов на својот Фејсбук профил сподели видео од евакуацијата на жителите на село Немањица, светиниколско, во кое се гледа дека жителите на куќите одбивале да си одат иако сè околу нив било зафатено од огнената стихија.

„Во многу села очајните сопственици не сакаат да ги напуштат своите домови бидејки се сè што имаат тие. Но, сепак животот и здравјето секогаш треба да бидат на прво место.

Останувањето во куќа околу која беснее оган може да доведе до трагични последици. Вакви примери вчера имаше на повеќе места, вклучително и во светиниколското с. Немањица“ – појасни Ангелов, во описот над видеото.

Како што може да се види во видеата, освен возрасни лица, во куќите имало и деца, кои одбивале да ги напуштат своите домови.

На официјалбата Фејсбук страница на Центарот за управување со кризи е објавена и видео снимка од хеликоптер од страшниот пожар во селото, кој во текот на ноќта се движеше во насока кон Штип.

Според последните информации, во светиниколско горат повеќе пожари во близина на селото Немањици, Орел, Ерџелија и Мустафино.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од градот Свети Николе кој во текот на вчерашниот ден бил обвиен во чад, заради големите пожари во неговата околина.

Жителите на село Ерџелија, во текот на минатата ноќ, упатуваа апели за помош до луѓето кои поседуваат механизација и кои би можеле да им помогнат.

Еден од жителите објави видео на кое се гледа како со механизација прави ораници со цел да спречи понатамошно ширење на пожарот кон селото, кој беснееше во текот на целата ноќ.

/

Освен пожарите во светиниколско, активен е и пожарот во демирхисарските села Тажево и Брезница, а кој се движи во правец на резерватот Јасен.

Од Армијата објавија повеќе фотографии од гаснењето на пожарите во текот на изминатите денови.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Едина Муса и Мачка елегантни на свадба, Ѓоко Танески со ретка фотка од ќерката - Што прават познатит... Пејачот Ѓоко Танески објави фотографии со ќерката за да ѝ го честита 18-тиот род...
Ирина и Павле Камилоски на одмор со децата, Марио од 2Бона доби изненадување од сопругата: Што права... Бока Конга се релаксира покрај базен во својот раскошен дом во Скопје, Каролина ...

Најчитани неделава