Славчо Попоски, метеоролог: „Поради топлотниот бран Луцифер, екстремно високи температури и следната недела“

„Tоплотниот бран Луцифер ќе зафати голем дел од Европа, вклучувајќи ја и Македонија и температурите ќе бидат повисоки и за 10 степени Целзиусови од вообичаените за овој период - ќе се искачат до, па дури и над 40 степени Целзиусови“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-poradi-toplotniot-bran-lucifer-ekstremno-visoki-temperaturi-i-slednata-nedela-01.jpg

Покрај досегашните топлотни бранови што ги почувствувавме летоска, следната недела нè очекува уште еден.

Не само Македонија, туку поголемиот дел од Европа ќе биде на удар на топлотниот бран Луцифер.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник, во Европа ќе има големи температурни аномалии.

Од една страна, ние во Македонија, како и целиот Балкански Полуостров ќе биде зафатен од топлотниот бран Луцифер и истиот ќе услови насекаде да има екстремно високи температури на воздухот кои на многу места ќе се искачат до околу, па и над 35 степени Целзиусови.

Локално во регионот, како и во нашата Македонија, температурите ќе се искачат до, па дури и над 40 степени Целзиусови.

slavcho-poposki-meteorolog-poradi-toplotniot-bran-lucifer-ekstremno-visoki-temperaturi-i-slednata-nedela-02.jpg

Од топлотниот бран Луцифер ќе биде зафатен најголем дел од Европскиот континент, особено јужна, југоисточна, и југозападна Европа.

Температурите ќе бидат значително над просекот, односно тие ќе бидат повисоки од нормалните дури и за повеќе од 10 степени Целзиусови.

Од друга страна, североистокот и истокот на континентот ќе биде зафатен од циклонска активност и од многу постуден воздушен бран, кој ќе услови во овие предели да има врнежливо и невообичаено студено време за месец август.

slavcho-poposki-meteorolog-poradi-toplotniot-bran-lucifer-ekstremno-visoki-temperaturi-i-slednata-nedela-03.jpg

„Во нашиот дел од континентот, врнежите и понатаму ќе бидат значително потпросечни, што значи дека сушата ќе ја имаме и следната седмица.

Токму поради ова, но и поради екстремно високите температури, останува зголемениот ризик од појава на нови шумски пожари, па затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни како се однесуваат со природата“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава