Се слави Летен свети Стефан – Кога ги нашле неговите мошти, чуда почнале да се случуваат

Бил првиот човек што пострадал за Христа, а со векови никој не знаел каде му е гробот. Во моментот кога неговите мошти биле достојно закопани, почнале да се случуваат чуда – кој бил светиот првомаченик и архиѓакон Стефан?

se-slavi-leten-sveti-stefan-koga-gi-nashle-negovite-moshti-chuda-pochnale-da-se-sluchuvaat-01.jpg

На 15-ти август православните христијани го слават празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, кој е еден од четирите празници посветени на светецот.

Свети Стефан бил првиот маченик кој пострадал за христовата вера, па затоа култот кон овој светец е мошне раширен кај нашиот народ, но и кај другите православни народи.

Иако, кај нас многу повеќе се слави зимскиот Свети Стефан, на 9-ти јануари, сепак и овој празник се одбележува со пригодни литургии и молитви.

se-slavi-leten-sveti-stefan-koga-gi-nashle-negovite-moshti-chuda-pochnale-da-se-sluchuvaat-02_copy.jpg

Свети Стефан, исто како и 12-те апостоли бил инспириран од силата на Светиот Дух. Направил многу чуда, а сите негови добри дела се спомнати во Новиот завет.

Денешниот празник е посветен на откривањето на неговите мошти и нивното пренесување.

Според записите, кога Стефан бил убиен со камења од Евреите, тие го оставиле неговото тело да биде изедено од кучињата.

Но, Бог сакал поинаку. Иако неговото тело лежело на отворено два дена и две ноќи, втората ноќ дошол Гамалиил, учителот на Павле, кој бил потаен ученик на Христа.

Тој го зел телото, го однел на својот имот и го погребал чесно во една пештера.

Поминале векови и некој не знаел каде е погребано телото на првомаченикот Стефан, сѐ додека во 415-та година Гамалиил трипати му се јавил во сон на свештеникот Лукијан и му раскажал сѐ за незнајниот гроб.

se-slavi-leten-sveti-stefan-koga-gi-nashle-negovite-moshti-chuda-pochnale-da-se-sluchuvaat-04.jpg

По ова, моштите на свети Стефан биле свечено пренесени на Сион и бил погребан чесно.

Се верува дека од моштите на Свети Стефан тој ден се исцелувале многу болни, а подоцна биле пренесени во Цариград.

Една од најстарите цркви која е посветена на овој светител датира од XIX век и се наоѓа во пештера во охридското село Шипокно.

se-slavi-leten-sveti-stefan-koga-gi-nashle-negovite-moshti-chuda-pochnale-da-se-sluchuvaat-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Пајак со тон емоции по исповедта за пелтечењето, а Стефан Лазаров: „Тој поседува сè што треба да има... По емотивната исповед, Пајак им се заблагодари на сите за поддршката... Дечко со...
Стефан Лазаров: „Синот ќе се вика Лука, уште немаме купено ништо за бебето“ „Оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите р...

Најчитани неделава