Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булимија“

„Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘набил’ некаков лој на срце. Како да не очекувам да имам некаков здравствен проблем, кога на само 14 години имав скоро 100kg?“ - Инфлуенсерот Александар Динев во видео искрено раскажа за својата тешка животна борба.

aleksandar-dinev-iskren-za-borbata-so-tezhinata-na-14-godini-imav-skoro-100kg-se-borev-i-so-bulimija-01.jpg

Еден од најпопуларните млади инфлуенсери кај нас, Александар Динев, секогаш е насмеан, расположен и среќен во јавноста, како и во видеата што ги објавува.

Но, тој е уште еден доказ дека зад насмевката на луѓето, понекогаш се крие тешка животна приказна.

А токму неа, Динев реши да ја сподели со сите свои следбеници на Инстаграм:

„Битката со самиот себе е секогаш најтешка! Денес ми требаше огромна храброст за да ја споделам мојата битка со вас.

Одлучив да бидам транспарентен и несебичено да навлезам подлабоко во тема за која секогаш сум избегнувал да зборувам.

За жал, верувам дека дел од вас ќе се пронајдат во приказнава, но сакам да знаете дека постои решение.

Ова видео нека ви биде мотивација да му ја пружите правилната нега и љубов на вашето тело, да се едуцирате повеќе, и најважно од сѐ - да побарате професионална помош.

Да бидеме гласни за нашите тивки битки! Затоа што само вака ќе можеме да си помагаме едни на други“.

Александар призна дека од дете се борел со вишокот килограми, но дека со упорност, успеал да симне 30kg и сега има 67kg.

Toј вели дека меѓу мислите кои постојано му проаѓале низ глава тогаш, но и сега кога е ослабнат, е дека е дебел и дека си го мрази телото.

Обожавал да јаде, особено слатки, поради што на 14 години имал 97kg.

„Ме исмеваа за дебелината. Бев мизерен, константно тажен и незадоволен од животот“.

aleksandar-dinev-iskren-za-borbata-so-tezhinata-na-14-godini-imav-skoro-100kg-se-borev-i-so-bulimija-02.jpg

А дебелината довела до проблеми со срцето...

„Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘набил’ некаков лој на срце.

Како да не очекувам да имам некаков здравствен проблем, кога само на 14 години имав скоро 100kg?“

aleksandar-dinev-iskren-za-borbata-so-tezhinata-na-14-godini-imav-skoro-100kg-se-borev-i-so-bulimija-04.jpg

За да ослабне, Александар почнал да трча и да јаде по еден оброк на ден. Но кога ќе изедел повеќе од она што си зацртал во главата, се терал самиот себе да го поврати јадењето.

„Во тој момент не бев свесен дека сум си направил уште еден проблем, кој се нарекува булимија.

После некој период веќе не се трудев да повраќам на сила, автоматски ми доаѓаше“, вели Александар.

Со ова си ја исполнил целта, симнал скоро 30kg, но повторно не бил среќен, зашто постојано бил гладен, изморен и болен. Но, за брзо време се вратил на старата исхрана.

За повторно да ослабе, почнал да вежба, да се се храни здраво - но немал резултати какви што посакувал. 

aleksandar-dinev-iskren-za-borbata-so-tezhinata-na-14-godini-imav-skoro-100kg-se-borev-i-so-bulimija-05.jpg

За сите предизвици со кои се соочувал од дете, како успеал да се избори и со болестите и со килограмите, и да стигне на ова што е денес, Александар детално раскажува во видеото.

Тој вели дека сега има фитнес тренер, дека има точно одредена рутина на вежбање, оброци и дека конечно има и резултати, но и самодоверба каква што посакувал од дете.

Погледнете ја неговата исповед:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg