Младенци донираа пакети школски прибор во Црвен крст, собрани од гостите на нивната свадба

Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа 30 пакети школски прибор во Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба во Скопје, собрани на нивната свадбена веселба.

mladenci-doniraa-paketi-shkolski-pribor-vo-crven-krst-sobrani-od-gostite-na-nivnata-svadba-01.jpg

Заедничката идеја за овој потфат се должи на нивната хуманост и искуството што го стекнале како гости на други свадби.

„Изминативе години бевме поканети на неколку свадби каде традиционално носевме и букет цвеќе. Младоженците добиваа многу цвеќе и често пати го поклонуваа на нас гостите. Понекогаш се случуваше да го добиеме букетот кој ние сме го подариле. Тоа нè поттикна на нашата свадба да ја промениме оваа традиција“, велат младенците Спасевски.

mladenci-doniraa-paketi-shkolski-pribor-vo-crven-krst-sobrani-od-gostite-na-nivnata-svadba-04.jpg

Тие ги замолиле нивните гости, место цвеќе да донесат училиштен прибор, кој е потребен на многу повеќедетни семејства. „Бидејќи нашата свадбена веселба е многу блиску до почетокот на учебната година, донесовме одлука дека школски прибор за првачиња е најдобар начин  да направиме барем малку дечиња среќни на првиот школски ден. На нашите гости им се допадна идејата и бевме среќни што тие се приклучија на оваа хумана иницијатива, овозможувајќи ни да подготвиме богати пакетчиња“, објаснуваат брачниот пар Спасевски. 

mladenci-doniraa-paketi-shkolski-pribor-vo-crven-krst-sobrani-od-gostite-na-nivnata-svadba-02.jpg

Спасевски апелираат до сите млади кои планираат свадба да ја „украдат“ нивната идеја и да направат слични акции од добротворен карактер. Според нив, овој хуман гест ќе ги поттикне младите да помагаат секому кому му е потребна помош, особено на децата, независно дали тоа е во училиште, надвор или дома.

„Сакаме да изразиме огромна благодарност до гостите од нашата свадбена веселба кои се вклучија во остварување на иницијативата, како и до Општинската организација на Црвениот Крст Гази Баба кои помогнаа да го дистрибуираме приборот до децата на кои им е најмногу потребен. Покрај приборот што го донесоа гостите, сакавме дел од донација да биде лично наша и купивме прибор кој недостасуваше за да направивме 30 пакетчиња со целосен школски прибор“, велат Елена и Стојан Спасевски.

mladenci-doniraa-paketi-shkolski-pribor-vo-crven-krst-sobrani-od-gostite-na-nivnata-svadba-03.jpg

Здравко Георгиевски, секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација на Црвениот крст Гази Баба, им го честита бракот на младите и посакува многу здравје, среќа и убави и весели моменти, изразувајќи голема благодарност за идејата. „Ова треба да биде пример за идните брачни парови. Помагањето покажува колку е развиена свеста за помош на социјалните семејства. Овој пример треба да го следиме, затоа што во исто време, на децата што ќе го добијат подарокот, треба да им се покаже дека и покрај сите тешки моменти, постојат луѓе што мислат на нив“, вели Георгиевски.

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...

Најчитани неделава