Потресен статус на мајка на детенце со аутизам од Велес: „На 3 дена пред школската година некои родители се во паника“

„Знаете дека некои дечиња нема да тргнат првиот ден на училиште со останатите? Знаете дека нивните родители се во неизвесност, во паника, во хаос... Зошто? Па, затоа што децата им се ‘посебни’...“, вели Емилија Златкова-Анастасова, чиј син треба да тргне во шесто одделение.

potresen-status-na-majka-na-detence-so-autizam-od-veles-na-3-dena-pred-shkolskata-godina-nekoi-roditeli-se-vo-panika-01.jpg

Емилија Златкова-Анастасова е дипломиран професор по македонска книжевност и македонски јазик и главен уредник во издавачката куќа „Збор“ во Велес.  

Таа е мајка на 3 деца, а нејзиниот најмал син Андреј е дете со аутизам. Емилија нивната приказна ја споделува јавно за да помогне на други родители на дечиња со аутизам да знаат дека не се сами.

„Андреј до две години беше дете со типичен развој, дури беше и напреден во споредба со другите врсници – пред година прооде, почна да зборува, бременоста беше нормална и породувањето без проблем.

Проблемот се јави по вториот роденден кога почна да плаче многу и без причина, а плачењето траеше сè до септември кога престана да плаче, но престана и да зборува – буквално се исклучи …“, сподели во интервјуто за CRNOBELO.com Емилија.

Сега, пред самиот почеток на школската година, на својот Фејсбук профил таа објави статус кој трогнува и нè тера да подразмислиме малку за тешкотиите на овие деца и родители.

potresen-status-na-majka-na-detence-so-autizam-od-veles-na-3-dena-pred-shkolskata-godina-nekoi-roditeli-se-vo-panika-03.jpg

Нејзината објава гласи:

„Уште 3 дена до почетокот на школската година... многу дечиња и нивните родители се возбудени, во еуфорија, се подготвуваат...

Три дена до почеток на школската година... Знаете дека некои дечиња нема да тргнат првиот ден на училиште со останатите? Знаете дека нивните родители се во неизвесност, загрижени, во паника, во хаос... Зошто?

Па, затоа што децата им се „посебни“. И уште деновиве слушаат: Како мислиш сега - ќе биде 6 одделение? Ќе се снајде ли по училници со толку наставници?

А како мислиш дека секој наставник ќе го прифати? Секој наставник не трпи... Па, што мислиш да правиш...?

Еј, мислите родителите овие прашања не си ги поставуваат сами?! Мислите малку и така не знаат што да прават и дека уште повеќе им одмагате!

Уште и (како и многупати) се уште нема абер за асистенти. Ќе потрае може недела-две-три... до крај на прво полугодие додека се средат работите за асистент. Ма голема работа, така и они ништо не научуваат...

Да ги ставиме ко во 16 век во некоја темна просторија со решетки, ако не?!“

potresen-status-na-majka-na-detence-so-autizam-od-veles-na-3-dena-pred-shkolskata-godina-nekoi-roditeli-se-vo-panika-04.jpg

Прочитајте и Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Мајка од Скопје за синот со аутизам: „Се славел роденден на дете од одделението на Леон - за жал, то... „Во групата немаше покана, ниту еден збор од родителот да ми се обрати...

Најчитани неделава