Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“

„Многу млад посегнав по нешто што не треба. Еден ден се разбудив со паничен напад, мислев дека ќе умрам. Потоа чувствував постојан страв во градите. Одев на психијатар и ми препишаа антидепресиви, кои ми ги убиваа сите чувства, бев како фикус. Во тој период најмногу ми помогна Кун, кој беше секој ден кај мене“ - Тони од 2Бона искрено раскажува за периодот кога се борел со анксиозност. 

toni-od-dva-bona-za-anksioznosta-na-17-godini-mi-prepishaa-antidepresivi-bev-kako-fikus-01.jpg

Во последниот подкаст на Лазаров, гости беа Тони и Кун од 2Бона и открија многу работи за нивната кариера, но и за приватниот живот. 

Тие зборуваа за почетоците, кога буквално биле „фрлени во оган“ за да настапуваат во скопски ноќен клуб, без речиси никој да ги знае, освен нивните 50-тина познаници од маало. 

Но, освен за музичката кариера, почетоците и ангажманите, тие си ја отворија душата и за нешто што публиката не го знае. 

Тони зборуваше за периодот во средношколските денови, кога се соочувал со анксиозност и панични напади, посетувал психијатар и психолог, а дури пиел и антидепресиви. 

Освен разговорите со психолог кои му помогнале, тој искрено кажува дека некој кој најмногу му помогнал да се извлече и да ја преброди ситуацијата, е неговиот другар Кун, кој секојдневно бил кај него дома, додека тој не излегувал никаде. 

Во продолжение прочитајте дел од неговата исповед:

„Првпат ќе го зборувам ова. Не е толку страшно, но имам трема од интервјуа и затоа ми е страшно.

Првпат пробав марихуана периодот околу прва година средно. Ова го зборуваме за никој да не го направи.

Ден денес, можеби не се каам, но премногу млад посегнав по нешто што не требало. Јас лично. Не дека било тоа премногу, било неколкупати, но тоа ми разбудило нешто, односно панични напади, анксиозност и сè што следи.

Не е само тоа, сум имал и претходно премногу проблеми во детство, за кои не би зборувал затоа што се фамилијарни работи кои не сакам да ги откривам, можеби понатаму, но не е вкусно и не сакам.

Не знам која година бев, околу 2-3 година, мислам дека барав излез од проблемите, знаете, дете што може да размислува, да се направиш мангуп, иако тоа не те прави поголем мангуп, поголем мангуп те прави да си спортист, реално.

Во тој момент, околу втора година, ми се случи една вечер, се разбудив и не ми беше добро.

toni-od-dva-bona-za-anksioznosta-na-17-godini-mi-prepishaa-antidepresivi-bev-kako-fikus-02.jpg.jpg

Јас тогаш не знаев што се панични напади, тоа ми беше прва средба со такво нешто, но мислев дека ќе умрам, срцето ми прерипуваше, имав црна слика пред очи, викав по моите, дојдоа и ме однесоа во амбуланта среде ноќ.

Таму, во најблиската амбуланта, дежурниот доктор ми рече - ништо не ти е, не ги плаши твоите, оди си дома, легни си.

Утредента пак се случи исто, од чиста мира, одеднаш ми се случува нешто, се тресам, ме пецкаше нос и глава, ми лупаше срцето, добивав напади по 20-30 пати во ден, тоа е ненормално многу.

Од сè доживував паничен напад. Тогаш не знаев дека е тоа паничен напад, мислев дека е проблем со срцето.

Отидов во болница, направив испитувања и на мајка ми ѝ кажаа - дететво е здраво, ништо не му е, однесете го на психолог, срцето е во ред.

Кога ми го кажа тоа докторот, ми олесна, си реков не ми е ништо со срцето, значи сè било на психичка база.

toni-od-dva-bona-za-anksioznosta-na-17-godini-mi-prepishaa-antidepresivi-bev-kako-fikus-03.jpg.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава