Едина Муса (33) крева тегови во 19-та недела од бременоста: „Спиев кај ќе стигнам, но сега ми се врати енергијата“

Едина Муса за бременоста: „Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на час и работи нон-стоп, до човек што нема желба буквално да излезе од дома“.

edina-musa-33-kreva-tegovi-vo-19-ta-nedela-od-bremenosta-spiev-kaj-kje-stignam-no-sega-mi-se-vrati-energijata-01.jpg

Кошаркарката Едина Муса неодамна објави дека е бремена со фотографија од плажа на која го гали своето трудничко стомаче.

„Ти си сѐ што некогаш посакував. 118 дена ние“, напиша таа во описот на фотографиjата.

Сега, таа открива дека влегла во 19-тата недела од бременоста, дека силата ѝ се вратила и повторно почнала со тренинзи.

edina-musa-33-kreva-tegovi-vo-19-ta-nedela-od-bremenosta-spiev-kaj-kje-stignam-no-sega-mi-se-vrati-energijata-02.jpg

На Инстаграм објави видео како вежба во чиј опис напиша:

„19-та Недела
Скоро и до пола бременост…

Тренинзите во оваа недела се значително подобри. Енергијата е вратена скоро до нормала, за разлика од првите 3 месеци каде што спиев кај и да стигнам.
Првите месеци значително го променија темпото на мојот живот, од човек што живее 300 на час и работи нон-стоп, до човек што нема желба буквално да излезе од дома.

Јас не бев јас, и тоа ми беше многу тешко да го разберам и прифатам, со оглед на тоа што ова е мојата прва бременост, едноставно не знаев што ме чека.

Се осетив бескорисно затоа што буквално немав ниту енергија, ниту желба да завршам било каква работа.
Но, спортист како спортист не може баш туку така да крене раце од сè.

Вежбањето беше клучниот дел за моето психичко здравје во тој период. Точно е, немав енергија за тренинзите што порано ги правев, и не планирав да го форсирам своето тело сега кога највеќе му требаше енергија за уште едно животче, кое тек се формира.

Целта ми беше да останам физички активна, па макар и правела вежби со сопствена тежина, што обично беше мојата рутина за загревање пред секој тренинг.
Останав доследна до својот збор. Планот беше три пати неделно тренинг проследен со многуууу спиење и нутритивно богата исхрана.

Како што влегов во 14-та недела, енергијата како одеднаш да ми се врати. Полека почнав да додавам тегови, ги зголемив повторувањата и се фокусирав на правилната форма од секоја вежба.

Како што напредував, така ја зголемував килажата со која тренирам, НО СЕКОГАШ ГО СЛУШАМ СВОЕТО ТЕЛО. Целта не ми е да ја зголемувам својата сила и да кревам брутални килажи, како што правев кога не бев бремена, туку да ја одржам својата сила и своето психофизичко здравје“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса (33) се пофали, 10 месеци по породувањето: „За ова тело се погрижив јас“ Едина Муса, една од најубавите познати Македонки, си потстрижа шишки, се врати н...
„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...
Едина Муса со нови семејни фотки: Мачка спие прегрнат со синот, таа тврди дека Максим е нејзина копи... „Дека сите викавте дека Максим личел на татко му“, напиша Едина, па објави ...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Едина Муса со синот во Берово, Катарина Ивановска со активистката Грета Тунберг: Што прават македонс... Мартинијан Кириловски со девојката позира на зајдисонце на Тасос, Дритон Вејсели...
Илина Арсова со плускавци на рацете, Едина Муса му благодари на Бог за благословите: Што прават наши... Се сеќавате ли на Маргарита Христова, која ги отпеа „Љуби ме“ и „Долга ноќ“? И д...

Најчитани неделава