Се слави празникот „Мала Богородица“ – Во Скопје донесена чудотворна икона од Хиландар

Во Скопје ќе биде донесена света чудотворна икона од Хиландар, а во храмовите ќе се одржи света литургија. Православните христијани денес го слават празникот „Рождество на Пресвета Богородица“.

se-slavi-praznikot-mala-bogorodica-vo-skopje-donesena-chudotvorna-ikona-od-hilandar-01.jpg

На 21-ви септември секоја година православните христијани го слават празникот посветен на раѓањето на пресвета Богородица, познат и како Рождество на пресвета Богородица.

Мајката на Исус Христос, Марија е позната и како Светата Мајка, Блажена Марија, Дева Марија, Богородица, а денешниот празник, кој се слави околу 1 месец по празникот по повод нејзиното упокојување, се нарекува уште и Мала Богородица.

Пресвета Дева Марија се родила од своите стари родители Јоаким и Ана, кои веќе биле остарени, а немале деца.

se-slavi-praznikot-mala-bogorodica-vo-skopje-donesena-chudotvorna-ikona-od-hilandar-02.jpg

Тие му се молеле на Бога со плач да им подари едно чеда, па така Бог им ја подарил ќерката и Божјата Мајка.

Марија, попозната како Богородица била родена во Назарет, а 3 години подоцна била одведена во храмот јерусалемски, од каде што пак се вратила во родното место и таму jа слушнала благовеста на Светиот Архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји од нејзиното девствено тело.

На денешен ден се слави нејзиното раѓање, а овој празник има големо значење за христијаните.

Се верува дека Богородица е заштитничка на мајките и воопшто на леунките, а нејзе треба да ѝ се помолат и жените што наскоро треба да се породат за да имаат полесно породување.

Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што се борат за потомство, па затоа на денешен ден, тие носеле дарови во црква и се молеле пред нејзината икона.

se-slavi-praznikot-mala-bogorodica-vo-skopje-donesena-chudotvorna-ikona-od-hilandar-05.jpg

Пресвета Богородица се смета за заштитничка на Скопје, а во чест на празникот Рождество на Пресвета Богородица била изградена во некогашното Пајко Мало.

Црквата прво била изградена уште во 1204-та година и постоела сè до 1688-ма година кога била срушена од Отоманите.

Оваа црква повторно била изградена во 1835-та година, но повторно била запалена за време на Втората светска војна во 1944-та година, а целосно била срушена за време на скопскиот земјотрес во 1963-та година.

se-slavi-praznikot-mala-bogorodica-vo-skopje-donesena-chudotvorna-ikona-od-hilandar-04.jpg

Врз истите темели црквата повторно беше изградена во 2008-ма година.

Годинава, по повод големиот верски празник, во Скопје од Хиландар е донесена иконата Пресвета Богородица – „Троеручица“, а ќе се отслужи и света архијерејска Литургија.

Инаку, за позната икона се вели дека е чудотворна и се смета дека е стара најмалку 1.400 години.

Се верува дека Јован Дамаскин кој бил наклеветен за свето писание, па му била отсечена раката, цела ноќ се молел пред иконата на Богородица таа да му ја исцелува раката.

Откако Богородица му ја исполнила молитвата, тој на левата страна на иконата дал да се направи рака од сребро и ја споил на иконата. Оттогаш иконата го добила името „Трирачица“.

Исто така, се смета дека кога иконата била дадена во црквата Свети Димитрија во Солун, човек кој бил роден слеп, прогледал во 33-та година од животот.

se-slavi-praznikot-mala-bogorodica-vo-skopje-donesena-chudotvorna-ikona-od-hilandar-03_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Исповед на Македонка: „Сопругот ми почина кога имав 29 години, имав 2 мали деца, но се изборив како ... „Да ми кажеше некој дека ќе бидам вдовица пред 30-тата, ќе се насмеев. Но, знаеш...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава