Прва фотка од второто дете на Јелена Јованова и тајната бременост (го откри името на синот)
- Детали
- петок, 20 септември 2024
„Нашата нова животна сила“ – напиша актерката Јелена Јованова Периќ, до фотките од трудничкиот стомак и од вториот син, откако се дозна дека и по вторпат успешно ги криела бременоста и породувањето.

Нашата актерка Јелена Јованова Периќ пред извесен период се породи по вторпат и на свет го донесе вториот син, а и овојпат, како и првиот, целата бременост ја чуваше во најголема тајност.

Откако беше објавено дека таа и сопругот Стјепан Периќ добиле втор син, актерката на Инстаграм објави две фотографии: една со трудничкиот стомак во преден план и друга од синот.

До фотките таа накратко напиша:
„Нашата нова животна сила. Тома!“

Таа откри дека бебето се родило на 16-ти септември, годинава.
За породувањето се дозна, откако на 17-ти септември, нејзиниот брат Гоце ѝ честиташе на социјалните мрежи.

Прочитајте и Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност
Б. С. Б. | Црнобело